Маала (Леринско)

Координати: 40°44.26′N 21°26.29′E / 40.73767° СГШ; 21.43817° ИГД / 40.73767; 21.43817
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Махала)
Маала
Τροπαιούχος
Маала is located in Грција
Маала
Маала
Местоположба во областа
Маала во рамките на Лерин (општина)
Маала
Местоположба на Маала во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.26′N 21°26.29′E / 40.73767° СГШ; 21.43817° ИГД / 40.73767; 21.43817
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно323
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Маала или Махала (грчки: Τροπαιούχος, Тропеухос; до 1929 г. Μαχαλάς, Махалас[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 323 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во источните пазуви на Нередска Планина, 5 км јужно од Лерин[3] и 3 км југозападно од Кучковени. Крај селото минува Малечка Река.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Од податоците се гледа дека Маала било македонско село кое во подоцнежниот дел на XIX век станало турско. На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го означил Махала (Machala) како „големо македонско село“.[5][6]

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја означил Маала како македонско село.[5][7]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Маала е укажана двапати — еднаш како село Мала (Mala) во Леринската каза со 30 домаќинства и 85 жители Македонци, и вторпат под името Махала (Mahala) како село во Костурската каза со 80 домаќинства сочинети од 60 жители муслимани и 240 Македонци.[8][9]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маала живееле 600 Турци и 110 Арнаути муслимани.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Махала се води како мешано албанско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 300 жители. Боривое Милоевиќ го спомнува со 100 турски куќи.[3] Во 1920 г. во Маала се попишани 450 жители. Во 1924 г. турските жители се иселени по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место властите довеле 155 грчки дојденци од Источна Тракија и Мала Азија, но поголем број македонски семејства од околните села кои го откупиле земјиштето од турските сопственици.[3] Така, селото станало мешана македонско-грчка населба во која во 1928 г. живееле 430 лица.[3]

Во 1929 г. селото е преминеувано во Тропеухос, што во превод значи „трофејно“.[12]

На пописот од 1940 г. е забележан пораст на 665 жители.[3] Во 1941 г. селото потпаднало под бугарска окупација и воспостравена е бугарска општинска управа.[13] Селото не настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имало 664 жители. Подоцна бројот на жителите почнал да опаѓа поради иселувања во прекуокеанските земји и поголемите градови.[3]

Цркви[уреди | уреди извор]

Селото ги има следниве верски објекти:[14]

  • „Св. Ѓорѓи“ — црква изградена во 1910 г.
  • „Св. Ѓорѓи“ — параклис
  • „Св. Петка“ — параклис

Селска слава е Ѓурѓовден.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 665 664 552 410 382 359 371 323
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за доста богато. Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Главни производи се јагодите, тутунот и житото, како и сточарските преработки.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μαχαλάς -- Τροπαιούχος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 161–162.
  4. Топографска карта ЈНА 1:100.000.
  5. 5,0 5,1 нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. „F.Pouqueville. "Travels in Epirus, Albania, Macedonia, and Thessaly", London: Printed for Sir Richard Phillips and Co, 1820, р.85“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2019-12-13.
  7. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 110-111.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 490.
  14. Портал на поранешната Општина Кучковени[мртва врска] (грчки)