Манастир на Воскресението (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манастир на Вознесението
Вознесенский монастырь
Ascension Convent.jpeg
Основни податоци
Место Москва, Русија
Религија Православие
Округ Московски кремљ
Водство Руска Православна црква
Архитектонски опис
Архит. стил Руска архитектура
Карактеристики

Манастирот на Воснесението (руски: Вознесенский монастырь) бил женски манастир кој се наоѓал во Московскиот Кремљ во Русија. Во овој манастир биле погребени голем број на принцези, царици и други благородни дами[1].

Се верува дека манастирот бил основан во 1389 година, во времето на Дмитриј Донски. Во текот на својата историја, храмот на неколку пати доживувал катастрофи. Така кон средината на 15 век, манастирот бил опожарен, за да во 1467 година биде повторно изграден и реновиран од страна на принцезата Марија Јарославна, сопруга на Василиј II Московски.

Шеснаесет години подоцна, манастирот повторно бил оштетен од оган, а потоа обновен во текот на 1518-1519 година од страна на Алоисио Нови. Оваа црква била целосно изградена во 1587-1588, кога биле додадени нови пет куполи. Меѓу оние кои се погребани во катедрала биле Софија Витовтовна (сопруга на Василиј I), Софија Палеологска (сопруга на Иван III), неколку сопруги на Иван Грозни, Големата кнегиња Евдоксија Алксевина (ќерка на Алексеј Михајлович), и царицата Марија Владимирновна (сопруга Михаил Романов).

Во 1721, манастирот бил обновен од страна на Петар Велики. Во 1737, објектот бил оштетен од пожар и повторно обновен по наредба на царицата Ана Ивановна. Во текот на Француската инвазија на Русија во 1812 година, една од најголемите реликви на црквата, иконата на Богородица Одигитрија, била преместена во Вологда. Во текот на 19 век, покрај оваа црква била изградена и нова црква, посветена на Света Катерина.

Во текот на Октомвриската револуција, голем дел од старите градби во Московскиот кремљ биле оштетени. Манастирот на Вознесението не бил поштеден, уништувајќи голем дел од нејзините ѕидини и куполи. По заземањето на власта од страна на Болшевиците, црквата во 1918 година била затворена, а монахините биле принудени да го напуштат манастирот. По два месеци од нејзиното затварање, Комисијата за конфискација на црквени вредности и скапоцености наредила скапоцената икона да биде префрлена во Државниот историски музеј. Во април 1929 година, по иницијатива на началникот на кремљ, Петерсон, владината комисија зела решение за рушење на манастирот, заедно со Чудовиот манастир, со цел да се отвори простор за изградба на Воена школа на Централниот извршен комитет.

За зачувување на старите икони и иконостаси (кои биле предмет на уништување), голем дел од нив биле преместени во црквата Свети Апостоли. Оваа црква била помала од црквата на Вознесението, па така целиот иконостас не можело да се зачува таму. Поради ова, голем дел од иконите биле сместени во музеј.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]