Кировоградска област

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кировоградска област
Кіровоградська область
Знаме
Flag of Kirovohrad Oblast.svg
Местоположба
Карта на Украина,  Кировоградската област е означена со црвено
Информации
Админ. центар: Кировоград
Официјални јазици: Украински
Површина: 24 588 km²
Население: 995 955 (01.12.2012)
Број на реони: 21
Регистерска ознака: ВA
Обласен управител: Николаенко Андриј Иванович


Кировоградска област (украински: Кіровоградська область; исто така се нарекува Кировоградшчина - украински: Кіровоградщина) е област (покраина) во централниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Кировоград.

Географија[уреди]

Кировоградска област има вкупна површина од 24.588 км2. На запад се граничи со Виничката област и Одеската, на север со Черкаската, на југ со Николаевската, а на исток со Днепропетровската област. Во областа има 991 села и 12 градови. Најголемата река: Днепар, други значајни реки во областа се: Тјасмин, Ингулец, Јатран.

Демографија[уреди]

Според пописот на населението во 2001 година, во Кировоградска област живеат најмногу Украинци (90,13%), а останатите се Руси (7,46%), Молдавци, Белоруси, Ерменци, Евреи.

Надворешни врски[уреди]