Квинстаун (Нов Зеланд)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Квинстаун
Queenstown
Чаршијата во Квинстаун
Квинстаун во рамките на Нов Зеланд
Квинстаун
Координати: 45°01′52″S 168°39′45″E / 45.03111°S 168.6625°E / -45.03111; 168.6625Координати: 45°01′52″S 168°39′45″E / 45.03111°S 168.6625°E / -45.03111; 168.6625
Земја Знаме на Нов Зеланд Нов Зеланд
Регион Отаго
Територ. единица Квинстаун-Езерски Округ
Површина
 - Округ 870.497 km2 (336.100,8 sq mi)
Население (Попис 2006)
 Урбано 10.416
 - Округ 22.956
Часовен појас NZST (UTC+12)
 - Лете (DST) NZDT (UTC+13)
Поштенски бр. 9300
Повик. бр. 03

Квинстаун (англ. Queenstown) е одморалишно гратче во регионоѕ Отаго во југозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето е живописно изградено околу протокот на езерото Вакатипу, долго езеро во облик на буквата „Ѕ“, и ужива спектакуларен поглед на околните планини.

Постојат разни образложенија за името на гратчето, од кои најпопуларно е дека некој локален трагач по злато извикал дека местото е „достојно на Кралицата Викторија“. Заради неговата популарност кај туристите поради разноликите активности, новозеланѓаните понекогаш го нарекуваат Квинстаун „Вегас крај езерото“.

Гратчето е најголемиот центар на Централно Отаго, но поради некои административни причини се смета за дел од регионот Саутленд. Според пописот од 2006 год, бројот на постојаното население на Квинстаун (вклучувајќи го Френктон и Келбин Хајтс) изнесува 10.416 жители.

Околни гратчиња и окрузи се Ероутаун, Ванака, Александра и Кромвел. Најблиските поголеми градови се Данидн и Инверкаргил.

Содржина

[уреди] Туризам

Како одморалишен град, Квинстаун е центарот на авантуристичкиот туризам. Скијањето, глисирањето, банџи-скокањето, планинскиот велосипедизам и планинарењето се силна страна на местото.

Заедно со планината Руапеху, Квинстаун е најголемиот скијачки центар во Нов Зеланд, со голема посетеност на четирите главни терени од скијачи од земјата и ширум светот. Имињата на овие терени се (Кардрона, Коронетски врв, Инзвонредните и Троен корнет).

Друга причина зошто луѓето одат во Квинстаун е неговото реноме како центар за вино и храна. Блиското гратче Ероутаун има одлични ресторани и барови, а самиот Квинстаун се наоѓа близу до еден мал вински регион. Таму Пино ноар-от достигнува високи цени.

[уреди] Одбрани активности

[уреди] Галерија

[уреди] Транспорт

Покрај аеродромот, до Квинстаун може да се дојде преку автопатот State Highway 6 кој го поврзува со Кромвел и Данидн на исток преку змијулестата и подложна на лизгање клисура Каварау, и на југ преку езерското крајбрежје до Ламзден и Инверкаргил. Постои и многу тежок пат преку планинскиот венец Краун Рејнџ кој води до скијачкиот терен Кардрона и до гратчето Ванака. Овој пат воедно претставува највисок јавен пат во земјата.

[уреди] Клима

Квинстаун се одликува со алпска клима со зими со ведри сини неба и снежни планини. Летата се топли преку целиот ден со температури кои достигнуваат до 30 °C (2007/2008).

Климатски податоци за Квинстаун
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна висока °C (°F) 22.6
(72.7)
22.7
(72.9)
19.9
(67.8)
16.1
(61)
11.9
(53.4)
8.6
(47.5)
8.2
(46.8)
10.3
(50.5)
13.5
(56.3)
16.2
(61.2)
18.6
(65.5)
20.7
(69.3)
15,8
(60,4)
Просечна ниска °C (°F) 10.7
(51.3)
10.6
(51.1)
8.8
(47.8)
6.2
(43.2)
3.3
(37.9)
0.7
(33.3)
0.1
(32.2)
1.3
(34.3)
3.6
(38.5)
5.6
(42.1)
7.4
(45.3)
9.4
(48.9)
5,6
(42,1)
Грешка: pastel не претставува важечка алтернатива за температурна боја. Користете |temperature colour=pastel или пак отстранете го параметарот temperature colour од стандардната обоеност.
Извор: Климатски податоци: NIWA[1]

[уреди] Збратимени градови

[уреди] Наводи

  1. „Климатски податоци“. NIWA. http://www.niwascience.co.nz/edu/resources/climate/. проверено на 2 ноември 2007.  (англиски)
  • Reed, A. W. (2002). „The Reed Dictionary of New Zealand Place Names“. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4. 

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици