Гленорхи (Нов Зеланд)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Гленорхи (англ. Glenorchy) е мало населено место во живописниот северен крај на езерото Вакатипу, на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Местото е оддалечено 45 km со возило или чамец од Квинстаун, најблискиот град.
Гленорхи е популарно туристичко место и во околината има разни интересни патеки за планинарење. Сместено е близу границите на националните паркови Маунт Аспајринг и Фјордленд. Локалните предели се познати во светот по тоа што е една од местата во првиот филм на трилогијата „Господарот на прстените“ од режисерот Питер Џексон. Покрај ова, таму се снимани и сцени од филмовите „Вертикална граница“, „Почетоците на Икс-луѓето: Вулверин“ и „Хрониките на Нарнија: Принцот Каспијан“.
Гленорхи го носи името на гленот Глен Орхи во Аргајл, Шкотска.
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- Reed, A. W. (2002). „The Reed Dictionary of New Zealand Place Names“. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4.
| Оваа статија за место во Нов Зеланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

