Енергетика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дијаграм на светската потрошувачка на енергија за период од четри децении.

Енергетика — меѓудисциплинска инженерска наука што се занимава со делотворно, безбедно, еколошки безбедно и економски исплатливо добивање, претворање, пренос, складирање и искористување на енергија.

Меѓудисциплински полиња[уреди]

Како меѓудисциплинска наука, енергетиката опфаќа делови од гплем број научни области.

Електроинженерство[уреди]

Високонапонски далновод за пренос на електрична енергија на големи растојанија.

Електроинженерството се занимава со производство и употреба на електрична енергија, каде спаѓа и изучувањето и изработката на машини како генератори, електромотори и трансформатори. За таа цел потребна е инфраструктура како трафостаници и претворачи, далноводи и кабли. Делотворноста на системот се подобрува со подобрување на напонот и моќноста на мрежите.

Термодинамика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Термодинамика.

Термодинамиката се занимава со фундаменталните законитости на енергијата, од теоретската физика.

Топлинска и хемиска енергија[уреди]

Топлинската (термална) и хемиска енергија преплетени во полиња како хемија и изучувањето на животната средина. Согорувањето е појава кај разните пламеници и хемиски двигатели, индустриски печки, при согорување на отпад.

Енертетиката се справува со проблеми како загадувањето на воздухот со пречистување на издувните гасови по механички, топлински и хемиски пат. Контролата на овие издуви е предмет на работа на процесното и хемиското инженерство. Кај овој вид на енергија од важност се конструкцијата, изработката и употребата на парни котли и турбини (се користат и во добивањето на нуклеарна енергија). Сите овие технологии се произлезени од применетата механика и материјалотехниката.

Нуклеарна енергија[уреди]

Нуклеарната технологија се занимава со производство на нуклеарна енергија од реактори, обработка на нуклеарното гориво и на радиоактивниот отпад. Со неа се занимаваат применетата нуклеарна физика, нуклеарната хемија и изучувањата на зрачењето.

Добивањето на нуклеарна енергија веќе неколку децинии е проблематична тема во повеќе земји од безбедносни причини, но сепак, нуклеарната фисија е од голема важност светската енергетика. Овие проблеми би се решиле со развојот на технологиите за нуклеарна физија и нивно искористување, но истите сè уште се предмет на истражување во областа на нуклеарната физика.

Обновлива енергија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Обновлива енергија.
Сончеви фотонапонски плочи

Постојат разни видови на обновлива енергија:

Сончева енергија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сончева енергија.
  • фотонапонска енергија — производство на струја со сончеви ќелии на во поединечни плочи или големи строеви со многу единици. Од суштинско значење за овој вид на енергетика се полупроводниците. Тука електричната енергија се добива од сончевото зрачење, а не од топлината.
  • сончевотоплинска (хелиотермална) енергија — претворање на сончевата топлина во електрична енергија.

Ветерна енергија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ветерна енергија.

Ветерните турбини ја користат енергијата на атмосферските струења (ветришта) за претворање на механичката во електрична енергија. За таа цел конструкцијата им е аеродинамична.

Геотермална[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Геотермална енергија.

Геотермалната енергија ја користи топлината од земјата за загревање и добивање на електрична енергија.

Хидроенергија[уреди]

Изработка на Пелтонова водна турбина во Германија
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хидроенергија.

Хидроенергијата е механичка енергија од реките, морските бранови и плимата и осеката. За нејзино искористување се потребни брани, тунели, водни патишта и уредени брегови. Овој тип на енергетика е во надлежност на градежното инженерство (хидроградба и сл.), хидрологијата и геологијата. Механичката енергија на водата се претвора во електрична со водна турбина поврзана со генератор.

Биоенергија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Биоенергија.

Бионерегијата се занимава со собирање, обработка и искористување на биомаси добиени со биолошко производство, земјоделство и шумарство. Од нив се добиваат горива за електраните. Такви се етанолот, метанолот (обете со недостатоци) и водородот за употреба во горивни ќелии за добивање на електрична енергија.

Поврзано[уреди]

Портал „Енергетика

Наводи[уреди]