Пелтонова турбина
Пелтоновата турбина е еден од најефикасните типови на водени турбини. Била измислена од страна на Лестер Ален Пелтон во 1870-тите години. Пелтоновата турбина ја собира енергијата од импулсниот момент на проточната вода, за разлика од традиционалните тежниски водени турбини. Иако постоеле повеќе варијации на импулсни турбини пред Пелтоновиот дизајн, тие биле помалку ефикасни од Пелтоновиот дизајн. Водата која протекувала низ овие турбини требало да има голема проточна брзина, при што се губело голем дел од енергијата. Геометријата на пелтоновите лопатки е дизајнирана така што кога тркалото се врти со ½ од брзината на водениот млаз, водата ја напушта турбината со многу мала брзина, при што се собира речиси целата нејзина енергија, што пак резултира со голема ефикасност на турбината.
[уреди] Наводи
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Пелтонова турбина“ |