Донечка област
| Донечка област Донецька область |
|
|---|---|
| Знаме | |
| Местоположба | |
| Информации | |
| Админ. центар: | Донецк |
| Официјални јазици: | украински |
| Површина: | 26 517 km² |
| Население: | 4 378 073 (01.12.2012) |
| Број на реони: | 18 |
| Регистерска ознака: | АН |
| Обласен управител: | Андриj Шишацки |
Донечка област (украински: Донецька область; исто така се нарекува и Донечшчина - украински: Донеччина) е област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Донецк.
Географија[уреди]
Донечката област има вкупна површина од 26.517 км2. На запад се граничи со Запорошката и Днепропетровската област, на север со Харковската област, на југ со Азовско Море, а на исток со Луганската област и Русија. Во областа има 874 села и 52 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Миус и Лугањ.
Демографија[уреди]
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Донечката област го сочинуваат Украинците (56,87%), а остатокот го сочинуваат Руси (38,22%), Грци, Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.
Надворешни врски[уреди]
- Службена страница (украински) (руски)
|
|||||||||||||||||

