Днепропетровск
| Днепропетровск Дніпропетровськ Днепропетровск |
|||
|---|---|---|---|
| Панорама на Днепропетровск | |||
|
|||
| Карта на Украина каде е означен Днепропетровск | |||
| Координати: | |||
| Држава | |||
| Област | Днепропетровска област | ||
| Реон | |||
| Основан | 1776 | ||
| Реони |
8
|
||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Иван Иванович Куличенко[1] | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 405 км2 | ||
| Надм. вис. | 155 м | ||
| Население (2011)[2] | |||
| • Вкупно | 1.001.612 | ||
| Поштенски број | 49000 | ||
| Повик. бр. | +380 56(2) | ||
| Портал | gorod.dp.ua | ||
Днепропетровск (украински: Дніпропетровськ; руски: Днепропетровск) порано Екатеринослав (руски: Екатеринослав, украински: Катеринослав) е четвртиот најголем град во Украина, со околу еден милион жители.[2][3][4][5] Се наоѓа југоисточно од главниот град на Украина Киев, на реката Днепар, во јужниот средишен дел на земјата. Днепропетровск е административен центар на Днепропетровската област.
Во рамките на поголемото метрополитенско подрачје, населението се движи од 1.004.000[6] до 1.360.000[7] луѓе.
Како главен индустриски центар на Украина, Днепропетровск бил еден од клучните центри на атомската, воената и вселенската индустрија на поранешниот Советски Сојуз. Бил седиште на Јужмаш, главен проектант и производител за вселенската индустрија и балистички ракети. Поради неговата воена индустрија, Днепропетровск бил затворен град[8] до 1990-тите.
Содржина |
Имиња [уреди]
Низ годините, Днепропетровск го менувал своето име повеќепати:
- Екатеринослав 1776–1782, повторно 1783–1797
- Новоросијск 1797–1802
- Екатеринослав 1802–1917
- Сичеслав 1917–1918[9]
- Екатеринослав 1918–1926
- Днепропетровск 1926–денес
Исто така, бил означуван како Катеринослав и Катаринослав на карти во 19 век.[10]
Географија [уреди]
Градот е изграден главно на бреговите на реката Днепар, во дел од главната меандра на реката каде го менува својот тек од север кон запад, а потоа продолжува кон југ и југозапад низ Украина, стигнувајќи во Херсон пред да се влие во Црното Море. Оваа положба обезбедува значајни можности за развој на земјоделството, главно благодарение на природното наводнување обезбедено од реката и плодната почва.
Областа во градот е главно без ридови и други височинки. Низинската област му го овозможила големиот развој на градот низ годините, особено во последните 200 години. Додека поголемиот дел од станбените, комерцијалните и индустриските окрузи на градот се долж јужниот брег на реката, некои области се изградени и на помалку гостопримливиот северен брег на реката.
Денес, обата брега се развиени и располагаат со голем број индустриски објекти. Аеродромот на градот се наоѓа 15 километри југоисточно од градот.
Центарот на градот е изграден на големо плато веднаш до Днепар, меѓутоа, стариот дел на градот е сместен на рид, кое е создадено како последица на промената на текот на реката кон југ. Булеварот Карл Маркс води до двете големи архитектонски знаменитости на градот и претставува важна сообраќајница низ центарот.
Клима [уреди]
Летата во Днепропетровск се многу топли (просечна дневна температура во јули е 24 до 28°C, понекогаш дури и пожешко од 32 до 36°C). Температури од 36° се забележуваат и во мај. Зимите не се толку студени (просечната дневна температура во јануари е од -4 до 0°C, но кога нема снег и кога ветровите се силни, се чувствува поголем студ. Мешавина на снег и дожд обично се појавува во декември.
Најдобро време за посетување на градот е кон крајот на пролетта - крај на април и мај и рано во есента: септември, октомври, кога дрвјата во градот стануваат жолти.
Климата е мешавина на умерена и континентална клима и понекогаш во зима кога е многу студено и паѓа снег (понекогаш температурите паѓаат од −10 до −15 °C), а во лета, градот е многу топол (понекогаш над +40°C), особено кон крајот на јули иа август.[11]
| Клима на {{{Место}}} | |||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | |
Наводи [уреди]
- ↑ Личен блог на градоначалникот
- ↑ 2,0 2,1 Днепропетровска област, статистики (украински)
- ↑ gorod.dp.ua Днепропетровска област, статистики (украински)
- ↑ Ukrcensus.gov.ua — Град 8 март 2007
- ↑ Официјални статистики, 01.08.2012 (украински)
- ↑ Обединети нации Сектор за економски и социјални прашања, Движења на урбанизацијата во светот, (Обединети нации, 2010), Табела A.12. Податоци за 2007.
- ↑ Томас Бринкоф, Principal Agglomerations of the World, 12 март 2009.
- ↑ Под затворен град се подразбира дека ниеден странец не смее да влезе во градот без официјална дозвола.
- ↑ Украински национализам во 1990-ти: Малцинска вера од Ендру Вилсон, Cambridge University Press, 1996, ISBN 978-0-521-57457-0, page 89
- ↑ Англиска карта од 1820
- ↑ Поврзано: klimadiagramme.de — Клима во Днепропетровск
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Днепропетровск“ |
- (руски) „Вести за Днепропетровск. Карта на градот.“. http://ves.dp.ua.
- (англиски) „Добре дојдовте во Днепропетровск!“. http://gorod.dp.ua/eng/.
- Страница за градби во Днепропетровск
- (руски) „Портал за градот“. http://gorod.dp.ua.
- Слики од Днепропетровск

