Димитриј Донски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Димитриј Донски
Donskoi.jpg
Голем кнез на Москва
На престол 13 ноември 1359 – 19 мај 1389
Претходник Иван II
Наследник Василиј I
Владетел Евдоксија Димитриевна
Деца
Данаил
Јури
Василиј
Софија
Јуриј Димитриевич
Марија
Анастасија
Симеон
Иван
Андреј
Пјотр
Ана
Константин
Полно име
Димитриј Иванович
династија Рурик
Татко Иван II
Мајка Александра
Роден(а) 12 октомври 1350(1350-10-12)
Москва, Големо московско кнежество
Починал(а) 19 мај 1389(1389-05-19) (на 38 год.)
Москва, Големо московско кнежество

Св. Димитриј Иванович Донски (руски: Дми́трий Донско́й; {роден на|12|октомври|1350}} во Москва- 19 мај 1389 во Москва) — син на Иван II, а бил кнез Москва од 1359 година и кнез на Владимир од 1369 година, па се до до својата смрт во 1389 година. Тој бил првиот кнез на Москва кој војувал со Татарите, а поради неговата победа над нив во битката кај Куликово во 1380 која се водела по течението на реката Дон, Димитриј го добил псевдонимот Донски.

Донски е признаен за светец во Русија, и неговиот ден се чествува на 19 мај[1][2].

Рано владеење[уреди]

Димитриј го преземал тронот како кнез на Москва на само 9 години. За време на неговото рано владеење мошне активна била владата на чело со московскиот митрополит Алексеј. Во 1360 годна најголемото достоинство помеѓу руските кнезови, кнезот од Владимир го трансформирало во хан на Златната орда по Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. Во 1363 кога кнезот бил сменет, Димитриј бил крунисан за кнез на Владимир. Три години подоцна, тој склучил примирје и сојузништво со Димитриј Константинович и се оженил со неговта ќерка Евдоксија. Во 1376 година нивните здружени војски ја уништиле Волшка Бугарија.

Најзначајно од неговото рано владеење е започнувањето на изградбата на Московски Кремљ којшто бил завршен во 1367 година. Новата тврдина му овозможила градот полесно да ги одбие опсадите, а особено оние на Алгирдас од Литванија, во 1368 и 1370 година. Третиот обид во 1372 година завршил со примирјето во Љубуцк. Во 1375, Димитриј преговарал да ги реши конфликтите со Михаил II Тверски под влијание на Владимир во свооја корист. За време на неговот владеење многу кнезови од северна Русија му се придружиле против ордата. За време на своето владеење со Москва, Димитриј Донски двојно ја зголемил територијата на кнежеството.

Борбата против ордата[уреди]

Дмитриј Донски во битката кај Куликово
Одбранат на Москва од напаидте на Токтамиш во 1382 година

Триесетгодишното владеење на Дмитриј Донски претставува почеток на крајот од монголското владеење од денешни делови на Русија. Монголските сили биле ослабнати поради граѓанската војна во Монголија и династичките борби за престолот. Дмитриј ја искористил таквата предност и својата борба против Монголите ја започнал со битка против Татарите.

Дмитриј е првиот руски владетел којшто извојувал победа над Монголите. Монголскиот генерал Мамаи, пратеник од тронот се обиел да го казни Дмитриј за зголемената моќ којашто ја употребил во битките. Во 1378, Мамаи испратил монголска војска, но таа била поразена во битката кај реката Вожа. Две години подоцна, Мамаи лично предводел војска во походот кон Москва. Но, Дмитриј го пресретнал и го поразил во битката кај Куликово. Битката се војувала по течението на реката Дон, па поради тоа тој бил наречен Дмитриј Донски.

Поразот на Мамаи му го одземал високиот углед на тронот, па тој бил симнат од генералот Токтамиш. Монголскиот Кан го оддржал правото над некои делови од Русија, но затоа му дозволил на Дмитриј да може да собира данок во деловите каде што живеело монголско население. Тој ги задржил добрите односи со Златната орда и бил назначен за Голем војвода од Владимир. По неговата смрт во 1389 година, неговиот син Василиј I ги наследил неговите титули без согласност со монголскиот Кан.

Наводи[уреди]

  1. (грчки) Ὁ Ἅγιος Δημήτριος ὁ μεγάλος Πρίγκιπας. 19 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  2. June 1 / May 19. HOLY TRINITY RUSSIAN ORTHODOX CHURCH (A parish of the Patriarchate of Moscow).


Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg