Гварански јазик
| Гварански јазик | ||
|---|---|---|
| avañe'ẽ | ||
| Изговор | ʔãʋ̃ãɲẽˈʔẽ | |
| Зборуван во | Аргентина, Бразил, Парагвај | |
| Вкупно говорници | 4,650,000 во Парагвај (1995 г.), 200,000 во Аргентина | |
| Семејство | туписки
|
|
| Писмо | гваранска азбука | |
| Официјален статус | ||
| Службен во | Кориентес, Аргентина[1] Меркосур Бразил (регионален) |
|
| Регулативен орган | не се регулира | |
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-1 | gn | |
| ISO 639-2 | grn | |
| ISO 639-3 | gug | |
Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански е староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од официјалните јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3].
Гваранскиот е единствениот староседелски јазик кој го зборува голем дел нестароседелско население. Ова е несекојдневна ситуација во Америка бидејќи староседелските народи низ историјата престанувале да ги зборуваат своите јазици и започнувале да зборуваат на шпански. Терминот „гварански јазик“ најчесто се користи да се означи парагвајската верзија на јазикот, но важно е да се напомене дека јазикот сочинува поголем дијасистем.
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.romanistik.uni-mainz.de/guarani/texte/Ley5598.pdf
- ↑ Mortimer, K 2006 "Guaraní Académico or Jopará? Educator Perspectives and Ideological Debate in Paraguayan Bilingual Education" Working Papers in Educational Linguistics 21/2: 45-71, 2006
- ↑ Website of Indigenous Peoples' Affairs which contains this information (шпански)
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
- Гваранскиот јазик на Етнолог
- Гваранско-англиски речник
- Гваранскиот јазик и важноста на зачувѕвањето на староседелската култура преку јазикот
- Гварански портал на Универзитетот од Мајнц:
- Шпанско-германско-гварански речник
- Информации за гваранскиот јазик
- Присвојност во гваранскиот јазик
- Статични глаголи и присвојноста во гваранскиот
|
|||||||||||||||