Бруктери

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германските племиња околу 50-та година

Бруктерите биле германско племе населено во северозападна Германија (Soester Börde), помеѓу реките Липа и Емс јужно од Тевтобуршката шума, денешна Северна Рајна-Вестфалија околу 100 п.н.е. до 350 г.н.е..

Тие формирале сојуз со Херуските, Марсите, Хатите, Сикамбрите, и Хауците, под водство на Арминиј, го поразиле римскиот генерал Вар и ги опустошиле неговите три легии во Битката кај Тевтобуршката шума во 9 век. Голема бронзена и гранитна статуа на Арминиј (познат како „Херман Херускарот) била подигната близу Детмолд во 19 век каде овој германски поглавар бил романтично претставен со шлем, кус меч кој победнички го држел.

Шест години подоцна, еден од генералите кој служел под Германик, Луциј Стертиниј ги победил Бруктерите и ја опустошил нивната земја.

Најпозната меѓу Бруктерите била нивната врачарка Веледа, нивен духовен водач; за нејзината судбина не се знае но општо се верува дека била заробена од страна на Римјаните.

Бруктерите со текот на времето се припоиле на пошироката заедница на Франките – како дел од ( Рипуарските Франки). Јазикот на Карло Велики бил франко-рипуарски или бруктерски [1]. Најдобро место да се најдат архивски документи и историја на ова племе е Соест, Германија.

Литература[уреди]

  • Ralf G. Jahn: Der römisch-germanische Krieg (9-16 n. Chr.). Inaugural-Dissertation, Bonn 2001.
  • Günter Neumann, Harald von Petrikovits, Rafael von Uslar: Brukterer. In: Reallexikon der Germanischen Altertumskunde. Bd. 3, S. 581ff.

Види исто[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • Legio XIX, www.livius.orgIn 15, the eagle of the nineteenth was recovered by the Roman commander Lucius Stertinius among the Bructeri.