Ааси Огулари
Ааси Огулари Αασή Ογουλάρή | |
---|---|
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Круша |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ааси Огулари или Аси Огулари (грчки: Αασή Ογουλάρή) — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало во денешниот атар на Фанарли, во подрачјето на планината Карадаг.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ааси Огулари имало 16 жители Турци.[2]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 16 жители. Селото се распаднало за време на Првата светска војна и повторно не било обновено, а во 1927 г. било избришано од евиденција.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 69.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 168. ISBN 954430424X.
|