Џонатан Кастровиехо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Џонатан Кастровиехо

Кастровиехо на подиум по победата на прологот на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Џонатан Кастровиехо Николас
Роден 27 април 1987 (1987-04-27) (26 г.)
Гечо, Шпанија
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометар
Аматерски клубови
2008–2009 Орбеа
Професионални клубови
2010–2011
2012–
Еускалтел-Еускади
Мувистар Тим
Последна промена
6 март 2013

Џонатан Кастровиехо Николас (роден на 27 април 1987 во Гечо, Баскија) е професионален шпански велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1] Откако возел две сезони за послабата екипа на де факто националниот баскиски состав, тој му се придружил на Еускалтел-Еускади во 2010. Првата победа како професионалец ја остварил на Тур де Романди 2011, забележувајќи најбрзо време на прологот од 3,5 километри, победувајќи го светскиот првак под 23 години Тејлор Фини за 0,27 секунди. Резултатот стигнал само еден ден по 24. роденден на Кастровиехо.[2] Неговата вештина за хронометри била релативно необична за возач од Еускалтел-Еускади, бидејќи екипата е позната за лесни возачи со мали способности на хронометрите. Меѓутоа, победата на етапата на Тур де Романди, не била целосен шок - порано во сезоната, Кастровиехо завршил осми на завршниот хронометар на Тирено-Адријатико, надминувајќи ги времињата на Густав Ларсон, Кедел Еванс и Дејвид Забриски, сите познати специјалисти за хронометри.[3] Подоцна, Кастровиехо се покажал солидно и на вториот хронометар на Тур де Романди, завршувајќи деветти на патеката од 20,1 километар, подобар од Марко Пиноти и Жан-Кристоф Перо (помеѓу другите), обајцата поранешни прваци во хронометар во своите земји.[4]

Кастровиехо преминал во Мувистар Тим за сезоната 2012.[1] Ја носел водечката маичка на Вуелта а Еспања на две етапи, откако неговата екипа победила на воведниот екипен хронометар и прв поминал низ целта, но изгубил два дена подоцна од колегата Алехандро Валверде. Кастровиехо не можел да го следи пеколното темпо поставено од Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) на последното искачување на третата етапа.[5]

Достигнувања [уреди]

2009
1. Етапа 3 Тур ду Хаут Анжу
1. Пролог Ронд де л’Изар д’Ариеж
1. Етапа 5 Тур де л’Авенир
2010
1. Спринтерски пласман Волта а Каталуња
2011
1. Пролог Тур де Романди
1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2. Шпанско хронометарско првенство
2012
Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
1. Етапа 1 (ITT)
1. Спринтерски пласман
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Вуелта а Мурсија
6. Краен пласман Енеко Тур
2013
8. Краен пласман Волта ао Алгарве

Наводи [уреди]

  1. 1,0 1,1 Кастровиехо потврди за Мувистар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 септември 2011 (проверено на 1 јануари 2012).
  2. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/prologue/results
  3. Фаранд, Стивен. „Тирено-Адријатико 2011: Резултати & Вести“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/46th-tirreno-adriatico-his/stage-7/results. 
  4. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/stage-4/results
  5. Valverde claims photo finish on Eibar“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (проверено на 20 август 2012).