Црква „Св. Михаил“ (Хамбург)
Црква Свети Михаил Hauptkirche St. Michaelis Michel | |
---|---|
Свети Михаил гледан од пристаништето во Хамбург | |
Основни податоци | |
Место | Нојштат, Хамбург, Германија |
Координати | 53°32′54″N 9°58′44″E / 53.548333° СГШ; 9.978889° ИГД |
Припадност | Евангелистичка црква во Германија |
Духовно-организациски статус | Катедрала |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | барок |
Завршен | 1669 |
Особености | |
Висина (најг.) | 132 м |
Свети Михаил, често наречена Михел (германски: Michel) — една од петте главни протестантски цркви (Hauptkirchen) во Хамбург и најпозната црква во градот. Свети Михаил е знаменитост на градот. Посветена е на Архангел Михаил. Големата бронзена скулптура, стои над порталот на црквата, прикажувајќи го архангелот како го победува ѓаволот.
132-метарското висока барокна купола потполно покриена со бакар е истакната одлика на панорамата на Хамбург и отсекогаш била за бродовите кои пловат по реката Елба.
Историја
[уреди | уреди извор]Сегешната зграда на црквата е трета на ова место. Првата била изградена од 1647 до 1669. Станала црква на новиот град (Neustadt), кога била изградена во 1625 во рамките на новите градски ѕидини и постојано растела оттогаш. Во 1687, Мишел станал петта главна црква (Hauptkirche) и новиот град (Neustadt) станал парохија. Таа црква била уништена на 10 март 1750 од удар на молња. Првичната црква била повторно создадена и изградена во 9 различни градови низ светот.
Во 1786, новата градба го следела дизајнот на Јохан Леонхард Преи и Ернст Георг Зонин била завршена. Ова е црквата, која ја знаеме и денес. Била обновена двапати во 20-от век: по опожарувањето во 1906, во текот на градежни работи и по бомбардирањата во 1944 и 1945. Од 1983, обновата тече: прво куполата, а потоа и покривот.
Нудејќи 2.500 места, Мишел е најголемата црква во Хамбург. Куполата, која нуди одличен поглед над градот и пристаништето, може да се искачува, но исто така има и лифт.
Лутерански бискупи
[уреди | уреди извор]Црквата е седиште на еден од трите бискупа на Северноелпската евангелистичко-лутеранска црква.
- Хамбуршки округ (седиште Црква Свети Михаил, Хамбург; од 2008, Хамбург-Либек)
- 1977 - 1983: Ханс-Ото Велбер
- 1983 - 1992: Петер Круше
- 1992 - 2010: Марија Јепзен[1]
- 2011 - денес: Кирстен Ферс
Погребани
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ . Deutsche Welle. 2008-06-16 Горски ако се избере http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,3423656,00.html Горски ако се избере Проверете ја вредноста
|url=
(help). Посетено на 2009-09-29. Отсутно или празно|title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„St. Michaelis Church, Hamburg“ на Ризницата ? |
- Свети Михаил - официјално мрежно место на црквата
53°32′54″N 9°58′44″E / 53.54833° СГШ; 9.97889° ИГД
|