Прејди на содржината

Црква „Св. Михаил“ (Хамбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Михаил
Hauptkirche St. Michaelis
Michel
Свети Михаил гледан од пристаништето во Хамбург
Религија
ПрипадностЕвангелистичка црква во Германија
Еклизиастичен или организациски статусКатедрала
Локација
ЛокацијаНојштат, Хамбург, Германија
Архитектура
Стилбарок
Завршена во1669
Висина (max)132 м
Победата на Свети Михаил над Ѓаволот, скулптура над главниот влез

Свети Михаил, често наречена Михел (германски: Michel) — една од петте главни протестантски цркви (Hauptkirchen) во Хамбург и најпозната црква во градот. Свети Михаил е знаменитост на градот. Посветена е на Архангел Михаил. Големата бронзена скулптура, стои над порталот на црквата, прикажувајќи го архангелот како го победува ѓаволот.

132-метарското висока барокна купола потполно покриена со бакар е истакната одлика на панорамата на Хамбург и отсекогаш била за бродовите кои пловат по реката Елба.

Историја

[уреди | уреди извор]

Сегешната зграда на црквата е трета на ова место. Првата била изградена од 1647 до 1669. Станала црква на новиот град (Neustadt), кога била изградена во 1625 во рамките на новите градски ѕидини и постојано растела оттогаш. Во 1687, Мишел станал петта главна црква (Hauptkirche) и новиот град (Neustadt) станал парохија. Таа црква била уништена на 10 март 1750 од удар на молња. Првичната црква била повторно создадена и изградена во 9 различни градови низ светот.

Во 1786, новата градба го следела дизајнот на Јохан Леонхард Преи и Ернст Георг Зонин била завршена. Ова е црквата, која ја знаеме и денес. Била обновена двапати во 20-от век: по опожарувањето во 1906, во текот на градежни работи и по бомбардирањата во 1944 и 1945. Од 1983, обновата тече: прво куполата, а потоа и покривот.

Нудејќи 2.500 места, Мишел е најголемата црква во Хамбург. Куполата, која нуди одличен поглед над градот и пристаништето, може да се искачува, но исто така има и лифт.

Лутерански бискупи

[уреди | уреди извор]

Црквата е седиште на еден од трите бискупа на Северноелпската евангелистичко-лутеранска црква.

  • Хамбуршки округ (седиште Црква Свети Михаил, Хамбург; од 2008, Хамбург-Либек)
    • 1977 - 1983: Ханс-Ото Велбер
    • 1983 - 1992: Петер Круше
    • 1992 - 2010: Марија Јепзен[1]
    • 2011 - денес: Кирстен Ферс

Погребани

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. . Deutsche Welle. 2008-06-16 Горски ако се избере http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,3423656,00.html Горски ако се избере Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 2009-09-29. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°32′54″N 9°58′44″E / 53.54833°N 9.97889°E / 53.54833; 9.97889