Прејди на содржината

Хијазам

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Злосторство и казна : Хијастичното поставување на двете цевки од пиштол ја нагласува антонимијата на концептите за злосторство и казна

Хијазма (грчки: χίασμα — вкрстување, како буквата Х) — стилска фигура блиска до антитезата и спротивна на паралелизам во која два пара зборови, фрази или реченици кои се синтаксички или суштински слични се ставаат во симетрична, но превртена врска како во огледало,[1] за да се нагласи спротивниот поим. Поттип на хијазмот е антиметабола. Припаѓа на фигурите за конструкција.

Шематски дијаграм

[уреди | уреди извор]

Хијазмот може да биде претставена со шемата АБ: БА видлива во стиховите на Лаза Костиќ:

Историја

[уреди | уреди извор]

Најверојатно, хијазмот првпат се појавил на хебрејски јазик во 10 век п.н.е., претежно се среќавал во Псалмите и Книга на пророкот Исаија. Во античко време на човекот не му бил познат хијазмот. Првпат хијазмот го споменува Хермоген, кој бил учител по говорништво во 2 век од нашата ера. Хермоген го нарекол хијазмот вкрстени распоредени колони.[2]

Хијазмот бил во центар на внимание во 19 век кога била забележана неговата честа употреба во Библијата.[3]

Литературниот критичар и теоретичар Пол де Ман го сметал хијазмот за литературна постапка, и со тоа значително го проширил неговото основно значење.[1] Толкувајќи ги песните на Рилке, тој укажува на нивната хијазмичка структура.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Хијазмот се користи за да се избегне повторување на истата синтаксичка структура. Често се користи како средство за хумор и иронија.[2][3]

  • „Ако, според тоа, не го знам значењето на гласот, ќе бидам странец за оној што зборува, а тој што зборува ќе биде странец за мене . (1. Коринтјаните 14:11)
  • „Мавта лесно, но силно удира. (народна песна)
  • Работев насекаде и ме ценеа насекаде за моите златни раце. (Проклета авлија, Иво Андриќ)
  • „Кој знае - не зборува, тој што зборува - не знае“. (Лао-це)
  • „Еден за сите, сите за еден. (Тројцата мускетари, Александар Дима)

Слични стилски фигури

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Popović, Tanja, уред. (2010). Rečnik književnih termina (2. изд.). стр. 262–263. ISBN 978-86-7360-064-2.
  2. 2,0 2,1 Živković, Dragiša, уред. (2001). REČNIK književnih termina (2. изд.). стр. 259.
  3. 3,0 3,1 Bagić, Krešimir (2012). Rječnik stilskih figura. стр. 135–137. ISBN 978-953-0-40043-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]