Скорпија (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За животното со истото име, видете скорпија.
Скорпија

Хороскопскиот знак Скорпија (латински: Scorpius, грчки: Σκορπιός) го носат оние коишто се родени помеѓу 23 октомври и 21 ноември. Со овој знак владее планетата Плутон. Симболот Знакот на скорпијата го претставува убодот на опашката на скорпијата, или машки полов орган.

На пат низ зодијакот[уреди | уреди извор]

На осмиот степен, човекот се соочува со кризите на вербата, и потпаѓа во разни искушенија. Се бараат границите на искуството. Комбинацијата на негативна фиксна вода на Скорпијата ѝ дава навика за размислување, длабока емотивна сила, а владетелот Плутон додава сила да се случи трансформацијата. Друг симбол на Скорпијата е орелот што лета.

Мотивација[уреди | уреди извор]

Скорпијата не го прифаќа животот лесно. Има чудесна меморија: не заборава неправда, ниту љубезност. Мислењето за другите штом еднаш ќе го формира, може да биде за цел живот. Скорпијата е критична кон другите, лесно ги наоѓа нивните слабости и ги користи за да си игра со нив. Оние што ѝ сметаат може да бидат „каснати“. Скорпијата е фасцинирана од сè што е скриено, мистериозно, окултно. Тежнее да ги истражи тајните од било кој вид (од вашите лични тајни до тајните на униврзумот), а понекогаш тоа ќе го направи и со сомнителни средства.

Во работа и интереси[уреди | уреди извор]

Повеќето Скорпии сакаат да работат во професии каде нивниот талент за истражување може да биде корисен. Ги има во сите видови истражувачки проекти (научници, детективи, судски експерти, доктори, ветеринари, хирурзи, психолози). Ги привлекуваат подземни или подводни активности (рударство, археологија, нуркање), и секогаш им е потребно да бидат сфатени сериозно.

Во односи[уреди | уреди извор]

Скорпијата е срамежлива и ги крие своите чувства. Одбира да остане сама, побрзо отколку да биде одбиена. Но, кога еднаш ќе биде вовлечена во врска, постојана е и како љубовник и како пријател и како непријател. Скорпиите поседуваат личен магнетизам и се привлечни за спротивниот пол, но можат да чекаат со години додека да го најдат вистинскиот партнер за себе. Екстремно се љубоморни, а скандалите ги сфаќаат како можност за раздвижување на врската.

Домашен живот[уреди | уреди извор]

Почестени сте ако сте поканети во домот на Скорпијата, затоа што тоа е приватна територија во која смеат да влезат само одбраните. Жената Скорпија ќе се занимава со средување по дома, а машкото Скорпија ќе го начекате како се занимава со поправка на некакви апарати, и сите делови ќе бидат на подот. Се разбира дека вие како гостин ќе бидете оставени сами да се забавувате, па можете да прочитате некоја книга од нивната домашна библиотека со детективска содржина. Вашите домаќини не си легнуваат рано, но од разговор ќе слушате само за болести или за нечија смрт, или сите заедно ќе се загледате во филмот на телевизија. Скорпиите родители се многу горди на своите деца, и ги поддржуваат во сите младешки глупости.

Зборови што ги опишуваат Скорпиите[уреди | уреди извор]

Важи и за двата пола: длабоки, страсни, продорни, моќни, со јака волја, со само-контрола, мистериозни, темелни. Понекогаш: свирепи, критични, неискрени, љубоморни, морбидни, посесивни, навредливи, осветољубиви.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.