Американски крокодил: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: he:תנין אמריקני
с Бот Додава: sr:Амерички крокодил
Ред 88: Ред 88:
[[ru:Острорылый крокодил]]
[[ru:Острорылый крокодил]]
[[sk:Krokodíl dlhohlavý]]
[[sk:Krokodíl dlhohlavý]]
[[sr:Амерички крокодил]]
[[sv:Spetskrokodil]]
[[sv:Spetskrokodil]]
[[tr:Amerikan timsahı]]
[[tr:Amerikan timsahı]]

Преработка од 00:30, 26 јануари 2010

Американски крокодил
Американски крокодил во Мексико
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Рептили
Ред: Crocodilia
Семејство: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. acutus
Научен назив
Crocodylus acutus
(Cuvier, 1807)
Распространетост на Crocodylus acutus

Американскиот крокодил (Crocodylus acutus) е вид на крокодил кој се среќава во Централна Америка. Тој е најраспространетиот од четирите преживеани видови крокодили во Америка. Популациите живеат од атлантските и пацифичките брегови на јужно Мексико до Перу и Венецуела во Јужна Америка. Овој крокодил го среќаваме и во Куба, Јамајка и Хиспаниола (Антили), и постои и популација од помалку од 1200 индивидуи на Флорида, САД. Живеалиштето најчесто му е во крајбрежните предели. Американскиот крокодил е доста голем вид на крокодил, и некои мажјаци достигнуваат големина и до 6,1 метар во Централна и Јужна Америка.

Карактеристики

Како и останатите крокодиловидни животни, Американскиот крокодил е четвороножно животно, со 4 кратки нозе и долга моќна опашка. Во должина на грбот и на опашката има коскести израстоци[2]. Муцката му е издолжена и составена од пар јаки вилици. Очите имаат заштитна мембрана и поседуваат жлезди кои лачат солзи.

Ноздрите, очите и ушите се наоѓаат на врвот на главата, што им овозможува да напаѓаат изненадно, криејќи го целото тело под вода[2]. Бојата на телото исто така овозможува одлична камуфлажа. Американските крокодили обично лазат на стомак, но исто така можат и да трчаат[3]. Поголемите индивидуи можат да галопираат со брзина од 16 km/h[4]. Пливаат со брзина од 32 km/h движејќи го телото на змијулест начин. Сепак, крокодилите неможат да ја одржат оваа брзина долго време[5].

Американските крокодили се многу поосетливи на ладно отколку Американските алигатори[6]. За разлика од американскиот алигатор кој може некои време да издржи во вода со температура од 7,2°C, американскиот крокодил брзо станува безпомошен и се дави[2]. Се претпоставува дека токму поради оваа слабост, американските крокодили не се распространиле толку северно како алигаторите. Сепак, крокодилите растат многу побрзо од алигаторите и се многу потолерантни на солена вода[2].

За разлика од крокодилите од стариот свет кои се чистат од паразитите со помош на птици, Американскиот крокодил за отстранувањето на паразитите се потпира на помош од риби[2].

Големина

Штотуку испилените младенчиња се долги околу 22 сантиметри и тежат околу 60 грама[7][8]. Просечната големина на возрасен мажјак изнесува 4 метри и тежи 182 килограми, додека просечната женка е со должина од 3 метри и тежи 73 килограми[9][10].

Во САД е пронајдена возрасна единка која била долга 4,6 метри[7][11]. Се смета дека овој вид расте најмногу во речните басени во Јужна Америка, но дури и старите мажјаци не се поголеми од 6 метри[11]. Пронајден е череп кој бил со големина од 72,6 сантиметри и се проценува дека припаѓал на крокодил долг 6,6 метри[12].

Распространетост

Crocodylus acutus во нивното природно живеалиште

Американскиот крокодил е најраспространет од четирите преостанати видови на крокодили во Америка[1]. Живее во води како мангрови мочуришта, утоки на реки, слатки и солени езера, а може да се најде дури и во Карипското море поради големиот број на крокодили на Карипските острови[2]. Ги среќаваме и во Јужна Флорида, централните Антили и јужно Мексико, до Колумбија и Еквадор[7][13]. Голема популација од овие крокодили има и во Коста Рика[14]. Една од најголемите документирани популации на американскиот крокодил живее во Лаго Енрикиљо, солено езеро во Доминиканската република[10]. Овој вид е најден и на островот Јамајка[15].

Претците на американскиот крокодил, се смета дека ја населувале Северна Америка за време на леденото доба, кога нивото на морето било 91 метар пониско од денешното ниво. Крокодилите преминале од Куба преку Флорида, и се сместиле во Северна Америка. Нивното навлегување кон внатрешноста на копното било спречено од алигаторите, па затоа ги населиле крајбрежните води[16].

Заштитен статус

Crocodylus acutus

Како последица на ловот, загадувањето, губењето на природното живеалиште и заробувањето на ворасните единки за одгледување во фарми, американскиот крокодил е загрозен вид во некои подрачја[8]. Во 1972, Венецуела го забранува ловењето на крокодилите поради нивната кожа за време од една декадa, после претераното ловење во 1950тите и 1960тите[17].

Една до две илјади американски крокодили живеат во Мексико и централна и јужна Америка, меѓутоа не се знае точниот број на популации[10]. Овој вид се смета за ранлив, но последен пат е проценуван во 1996 година[1]. Популацијата во дивината се проценува помеѓу 500 и 1200 индивидуи во јужна Флорида[18]. На 20 март 2007 година во САД, статусот на американскиот крокодил се менува од „вид во опасност“ во „загрозен вид“, со што и понатаму останува заштитен од нелегален лов[19][20] .

Интеракција со луѓе

Американски крокодил

Американскиот крокодил може да биде опасност за луѓето, и нападите од овие крокодили не се непознати во Мексико, Коста Рика и Гватемала. Овие напади ретко се познати на интернационалната јавност, па затоа овој вид не е толку прочуен како човекојадец како некои други негови роднини[2]. Во мај 2007 година, во една недела пријавени се 2 напади на деца кои завршиле трагично, еден во Мексико а другиот во Коста Рика[21][22]. Ниеден напад на човек од страна на американски крокодил не е регистриран во САД[23].


Референци

  1. 1,0 1,1 1,2 Crocodylus acutus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 7 декември 2008. Listed as Vulnerable (VU A1ac v2.3)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Предлошка:Цитирана книга
  3. Предлошка:Цитирано списание
  4. Предлошка:Цитирана веб страница
  5. Предлошка:Цитирана веб страница
  6. Предлошка:Цитирано списание
  7. 7,0 7,1 7,2 Предлошка:Цитирана книга
  8. 8,0 8,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  9. Savage, The Amphibians and Reptiles of Costa Rica: A Herpetofauna between Two Continents, between Two Seas. University Of Chicago Press (2005), ISBN 978-0226735382
  10. 10,0 10,1 10,2 Предлошка:Цитирана веб страница
  11. 11,0 11,1 Behler JL, King FW. 1979. The Audubon Society Field Guide to North American Reptiles and Amphibians. New York: Alfred A. Knopf. 743 pp. LCCCN 79-2217. ISBN 0-394-50824-6.
  12. Wood, The Guinness Book of Animal Facts and Feats. Sterling Pub Co Inc (1983), ISBN 978-0851122359
  13. Предлошка:Цитирана веб страница
  14. Предлошка:Цитирана веб страница
  15. Предлошка:Цитирано списание
  16. Liquid Land: A Journey Through the Florida Everglades by Ted Levin, University of Georgia Press, 2004 ISBN 0820326720
  17. Предлошка:Цитирана книга
  18. Предлошка:Цитирана веб страница
  19. Предлошка:Цитирана веб страница
  20. American Crocodile No Longer Near Extinction. 21 март, 2007.
  21. Предлошка:Цитирана веб страница
  22. Предлошка:Цитирана веб страница
  23. Предлошка:Цитирано списание

Надворешни врски