Хисен Рамадани: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
šo se 10 |
с Брзо додавање категорија Пратенички состав 1994-1998 (со користење на HotCat) |
||
Ред 17: | Ред 17: | ||
[[Категорија:Македонски политичари]] |
[[Категорија:Македонски политичари]] |
||
[[Категорија:Пратенички состав 1994-1998]] |
Преработка од 00:58, 22 јануари 2010
Хисен Рамадани (алб.: Hisen Ramadani; Пирок, тетовско, 3 јануари 1933) е македонски политичар и политиколог.
Биографија
Рамадани е роден во тетовското село Пирок на 3 јануари 1933 година. Дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител, наставник, директор на основно училиште и просветен советник во Околискиот завод за школство во Тетово, член на Околискиот комитет на СКМ во Тетово, член на Општинскиот комитет на СКМ и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во селото Жеровјане. Подоцна бил член на ЦК на СКМ, раководител на Комисијата за идеолошко образование и член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, пратеник во Собранието на СРМ и на СФРЈ, член на Универзитетскиот совет, член на Редакцискиот совет на веснокот „Комунист“ и секретар и потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, како и потпретседател на Извршниот совет на СРМ. По осамостојувањето на Македонија бил член на Партијата на албанските интелектуалци и во два мандата пратеник во Собранието на Македонија[1]. Моментално живее во Скопје.