Кадиица: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Создадена страница со: {{Инфокутија Планина | name = Кадиица | native_name = Огреяк | native_name_lang = bg | photo = Kadiitsa IMG 9979.jpg | pho... |
с отстранета Категорија:Малешевски Планини користејќи го HotCat |
||
Ред 47: | Ред 47: | ||
* [http://planina.e-psylon.net/viewtopic.php?t=388&start=0&postdays=0&postorder=asc&highlight= До првенците на Влаина и Малешевска (патопис)] {{bg}} |
* [http://planina.e-psylon.net/viewtopic.php?t=388&start=0&postdays=0&postorder=asc&highlight= До првенците на Влаина и Малешевска (патопис)] {{bg}} |
||
[[Категорија:Малешевски Планини]] |
|||
[[Категорија:Врвови во Македонија]] |
[[Категорија:Врвови во Македонија]] |
||
[[Категорија:Врвови во Бугарија]] |
[[Категорија:Врвови во Бугарија]] |
Преработка од 11:00, 14 февруари 2020
Кадиица | |
---|---|
Огреяк | |
Кадиица гледан од соседниот врв Џами Тепе | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.924 м |
Координати | 41°46′09″N 23°00′30″E / 41.7691° СГШ; 23.0083° ИГД |
Географија | |
Место | Р. Македонија, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Влаина |
Кадиица (бугарски: Огреяк, порано: Кадийца[1], Кадиица) — највисок врв на планината Влаина. Висок е 1.924 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија. Сместен е во најјужниот дел на главното планинско било, јужно од врвот Делибов Камен. На југоисток преку преку седлото наречено Седлото (Четало) се поврзува со првенецот на Малешевските Планини — Џами Тепе (Иљов Врв).
Врвот има остри падини и силно доминира над околните зарамнети била. Северните и западните падини се налегнати, а југозападните и југоисточните се изразено стрмни.
Изграден е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава планинско-шумска. До 1600 м.н.в. е покриен со букови шуми, а високите делови се обраснати со подалпска тревна растителност.
Главни пристапни места за искачување на врвот се селата Сушица и Брестово во Општина Симитли. Искачувњето се одвива по некои од пограничните земјени патишта и без патека со дозвола од граничната полиција.
По билото, во правец север-југ минува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р. Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На највисоката точка стои граничната пирамида со број 55. Во непосредна близина, на 120 м источно, на малку пониско возвишение е поставен знак за триангулација. Висината на врвот е измерена според овој знак, а не во највисоката точка на пирамидата 55.
Бугарско име
До 1942 г. врвот го носел истото име како на македонски (Кадийца), под кое е и денес е познат меѓу месното население. Како таков се води и во официјалните топографски карти во Бугарија. Во периодот од 1942 до 1946 г. е преименуван во Огрејак (Огреяк), а од 1946 до 1989 г. името му е вратено на Кадиица. По 1989 г. повторно е преименуван во Огрејак, каков што стои до денес.
Поврзано
- Буковик — недалечен врв, вулканска купа
Извори
- Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 76 – 77
Наводи
- ↑ Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 156. ISBN 978-954-398-401-5.