Тапани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 43: Ред 43:
{{рв|Drums}}
{{рв|Drums}}


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Музички инструменти]]
[[Категорија:Музички инструменти]]
[[Категорија:Ударни инструменти]]
[[Категорија:Ударни инструменти]]

Преработка од 22:42, 20 јуни 2015

Тапан користен од 1823

Тапаните се дел од ударната група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен од мембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните неможат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.

Употреба

Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, палици, четкици за тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се користат за изведување на музички композиции. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.

Историја

Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.

Типови на тапани