Булент Еџевит: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава diq:Bülent Ecevit
с Bot: Migrating 37 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q192634 (translate me)
Ред 74: Ред 74:
[[Категорија:Турски новинари]]
[[Категорија:Турски новинари]]
[[Категорија:Погреби во Турските државни гробишта]]
[[Категорија:Погреби во Турските државни гробишта]]

[[ar:بولنت أجاويد]]
[[az:Bülənt Əcəvit]]
[[bg:Бюлент Еджевит]]
[[ca:Bülent Ecevit]]
[[da:Bülent Ecevit]]
[[de:Bülent Ecevit]]
[[diq:Bülent Ecevit]]
[[el:Μπουλέντ Ετζεβίτ]]
[[en:Bülent Ecevit]]
[[es:Bülent Ecevit]]
[[fa:بولنت اجویت]]
[[fr:Bülent Ecevit]]
[[gl:Bülent Ecevit]]
[[ko:뷜렌트 에제비트]]
[[hr:Bülent Ecevit]]
[[os:Эджевит, Бюлент]]
[[it:Bülent Ecevit]]
[[he:בולנט אג'וויט]]
[[ka:ბიულენთ ეჯევითი]]
[[ku:Bulent Ecevît]]
[[hu:Bülent Ecevit]]
[[ml:ബുലന്ത് എജവിത്]]
[[mr:ब्युलेंट एसेव्हिट]]
[[nl:Bülent Ecevit]]
[[ja:ビュレント・エジェヴィト]]
[[no:Bülent Ecevit]]
[[pnb:بلند ایجوت]]
[[pl:Bülent Ecevit]]
[[pt:Bülent Ecevit]]
[[ro:Bülent Ecevit]]
[[ru:Эджевит, Бюлент]]
[[fi:Bülent Ecevit]]
[[sv:Bülent Ecevit]]
[[tr:Bülent Ecevit]]
[[ur:بلند ایجوت]]
[[yo:Bülent Ecevit]]
[[zh:比伦特·埃杰维特]]

Преработка од 23:00, 21 март 2013

Булент Еџевит
Премиер на Турција
На должноста
11 јануари 1999 – 18 декември 2002
Претходник Месут Јилмаз
Наследник Абдулах Ѓул
На должноста
5 јануари 1978 – 12 ноември 1979
Претходник Сулејман Демирел
Наследник Сулејман Демирел
На должноста
21 јуни 1977 – 21 јули 1977
Претходник Сулејман Демирел
Наследник Сулејман Демирел
На должноста
26 јануари 1974 – 17 ноември 1974
Претходник Наим Талу
Наследник Сади Ирмак
Лидер на РНП
На должноста
14 мај 1972 – 30 октомври 1980
Претходник Камил Кирикоглу
Наследник Мустафа Устунџаг
Лидер на ДЛТ
На должноста
13 септември 1987 – 7 март 1988
Претходник Рашан Еџевит
Наследник Неџдет Карабаба
На должноста
15 јануари 1989 – 25 јули 2004
Претходник Неџдет Карабаба
Наследник Зеки Сезер
Лични податоци
Роден(а) 28 мај 1925(1925-05-28)
Истанбул
Починал(а) 5 ноември 2006(2006-11-05) (возр. 81)
Анкара
Партија ДЛТ, РНП
Сопружник Рашан Еџевит
Установа Роберт колеџ
Вероисповед Ислам
Потпис

Булент Еџевит (турски: Bülent E cevit) (28 мај 1925 во Истанбул - 5 ноември 2006 во Анкара) бил турски политичар и премиер на Турција во периодот од 1999 до 2002 година.

Рани години

Еџевит бил роден во семејство на професор во 1925 година, Се образувал на колеџот Роберт во Анкара, Лондон и на Харвард. Во Лондон завршил индиска литература и превел на турски едно од делата на Рабиндранат Тагоре.

Политичка кариера

Во текот на 1946 Еџевит се вклучил во политички води, прво како прес-аташе во турската амбасада во Лондон, а потоа како новинар, уредник и, конечно, колумнист во весникот „Улус“. Еџевит се приклучил во Републиканската народна партија (РПП) основана од Кемал Ататурк и во 1957, станувајќи најмлад член на парламентот. Девет години подоцна станал генерален секретар, а 1972 и лидер на РПП, трета личност на оваа највисока позиција по самиот Ататурк.

На функцијата премиер бил избиран во 1974, истата година кога во септември бил принуден да се повлече, во 1977, од 1978 до 1979. Во осумдесеттите добил љубезна порака од воените генерали да се подготви „за еден и пол час, доколку сака и заедно со сопругата“ да биде однесен во затвор. По релативно кусиот затворски стаж, добил забрана десет години да не се занимава со политика. На сцената повторно се вратил во деведесеттите и од 1999 до 2002 повторно бил избран за премиер.

Неговата политичка кариера е исполнета со големи настани. Во 1974 година наредил инвазија на северниот дел од Кипар со цел да го заштити турското малцинство таму беше наречен „втор Ататурк“. Во 1999 година за време на неговиот петти мандат како премиер успеал да го стави зад решетки лидерот на курдските бунтовници, Абдула Оџалан, обвинет за 30.000 жртви на неговата војна против Анкара. Истата година тој започнал радикални реформи во земјата како цврста демонстрација на Турција да стане членка на Европската унија. Подоцна тој ја одбил поканата заедно со Грција да се приклучи кон тогашната Европска економска заедница.

Во текот на 2001 година јавно влегол во судир со шефот на државата Ахмет Сезер, кој бил незадоволен од начините за справување со корупцијата на владата на чие чело стоел Еџевит. Сезер го обвинил премиерот дека покажал „непочитување кое никогаш не било видено во историјата на нашата земја“. Политичката криза довела до паѓање на турските берзи, затворање на илјадници претпријатија и милиони нови отпуштени од работа[1].

Наводи

  1. „Петте мандати на политичарот и поет Булент Еџевит“. Утрински весник. Посетено на 2011-03-03.