Конфуциј: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава ilo:Confucius
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам ku:Konfuçe во ku:Konfusyus
Ред 174: Ред 174:
[[sw:Confucius]]
[[sw:Confucius]]
[[ht:Confucius]]
[[ht:Confucius]]
[[ku:Konfuçe]]
[[ku:Konfusyus]]
[[ky:Конфуций]]
[[ky:Конфуций]]
[[lad:Konfusio]]
[[lad:Konfusio]]

Преработка од 06:40, 14 јануари 2013

Конфучиј

Конфучиј (кин. 孔子 „Кунг фу-ѕ‘“, лат. Confucius), (28 септември, 551 - 479 п.н.е.) бил прочуен кинески философ, основач на религијата конфучијанизам. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по својата доктрина во која основна црта е жен (хуманоста). Роден е во Чифу, во тогашната држава Лу.

Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката философија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се Зборови и мисли на Лун-ји, Златна средина, Возвишена наука итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.

Име

Во Кина, Конфучиј обично се именува како Учител Кунг (孔子, пин-јин:: Kǒng Zǐ или 孔夫子, пин-јин: Kǒng Fū Zǐ).

Неговото презиме било Кунг (孔, пин-јин: Kǒng), лично име Чију (丘, пин-јин: Qiū, во буквален превод брег), а прекар Џунг-ни (仲尼, пин-јин: Zhòngní).

Некои од неговите постхумни имиња се Врховен учител и мудрец (至聖先師, пин-јин: Zhìshèng xiānshī), Господар пропагатор на културата, врховен мудрец и голем остварувач (大成至聖文宣王, пин-јин: Dàchéng zhìshèng wénxuān wáng) и Примерен учител на десет илјади генерации (万世师表, пин-јин: Wànshì shībiǎo).

Македонската транскрипција на Конфучиј или потекнува од латинската транскрипција на неговото име, Confucius, која ја направиле Исусовците во 16 век.

Биографија

Според традиционалното верување, Конфучиј се родил на 28 септември 551 г.п.н.е. во местото Чифу (曲阜, пин-јин: Qūfù) во државата Лу (鲁, пин-јин: Lǔ), во денешната провинција Шандунг.

Неговиот татко, генералот Шулианг Хе (叔梁纥, пин-јин: Shūliáng Hé) потекнувал од племенито семејство од државата Сунг, кое по распадот на државата се преселило во државата Лу. Генералот Шулианг имал 66 години кога се родил Конфучиј, а неговата мајка само 15. Овој брак не бил според ритуалните прописи од тоа време, според кои маж постар од 63 години не смеел да стапува во брак. Кога татко му починал, Конфучиј имал само 3 години, па самохраната мајка го одгледала во сиромаштија.

Кога имал 19 години, Конфучиј се оженил со Чи Гуанши (亓官氏, пин-јин: Qí Guānshì) и со неа имал син, на кој му го дал името Ли (鲤, пин-јин: Lǐ, во буквален превод крап) и прекарот Боји (伯鱼, пин-јин: Bóyú). Конфучиј работел како чиновник во државата Лу, како надозрник на царското богатство и како надзорник на магацинот со царската стока. Одредено време работел и како министер за правда, односно врховен судија на државата Лу. Функцијата министер ја напуштил поради несогласувањата со владетелот и поради тоа што подоцна не можел да напредува во државната служба. Во педесеттата година од животот, поради нови проблеи со царскиот двор, ја напиштил држаната служба во целост и заминал на пат низ кинеските држави, подучувајќи ги обичните држави и владетелите. Во доцните години, се вратил во државата Лу, каде продолжил да учителствува. Починал на 4 март 479 г.п.н.е.

Учење

Аналекти

Во збирката со афоризми Лун-ји (Конфучијанско читање), Конфучиј вели дека тој е само пренесувач и интерпретатор на старите знаења. Во времето на распадот на робовладетелското општество, многубројните војни и создавањето на феудализмот во Кина, тој како своја должност ја земал реафирмацијата ан старите општествени и морални вредности. Сепак, тој не мкже да се смета за конзервативен учител, бидејќи низ своите толкувања на старите записи, често давал сопствени идеи за политиката и моралот, кои биле нови и оригинални.

Исто така, и покрај тоа што Кинезите често се придржуваат кон конфучијанските обичаи на религиозен начин, конфучијанството не се смета како религија, бидејќи речиси воопшто и да не е засегнато со теолошките и духовните прашања, како оние за Бог, за задгробниот живот и слично.

Етика

Конфучијанската етика е строго рационална, јасна и бескомпромисна во поглед на разликите меѓу легалното и моралното. Неговата етика претставува директен претходник на Кантовиот категорички императив и ја содржи истата максима во своето објаснување. Етиката се заснова на три концепти: ритуали, правилност и човекољубие.

Конфучијански храм во Нагасаки

Според Конфучиј, суштината на секој чоек е човекољубие, односно жен (仁, пин-јин: rén).Човекољубието е материјална суштина на човечката должност кон другите и се манифестира преку совесноста кон другите, преку лојалноста (忠, пин-јин: zhōng, џунг) или преку алтруизмот, односно обѕирот (恕, пин-јин: shù, шу). Единствено човекот кој се придржува кон човекољубието може шравилно и во целост да ги извршува своите должности он другите.

Аксиомата на совесноста кон другите гласи:

Ако сакаш себеси да се воздигнеш, воздигни ги другите.[а][1]

Аксиомата на алтруизмот гласи:

Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе.[б][2]

Овие две начела, во Кина се познати како начекло на применување на правилото, каде човекот се користи самиот себеси како единствено мерило за регулирање на сопственото однесување.

Најдобар и најморален човек е онојчовек оној кој постапува од човекољубието, врз основа на точноста (义, пин-јин: yì, ји). Морално правилна постапка (според Кант морална) е онаа која е направена од чиста моралност и должност, како единствен мотив. Секоја друга постапка, која е направена од корсит (利, пин-јин: lì, ли) може вредносно да се одреди како добра или како лоша, но не е суштински морална (според Кант легална). Разликувајќи ги овие две постапки, Конфучиј рекол:

Племенитиот човек ја разбира правилноста, а малиот човек ја разбира користа.[в][3]

Ритуалите (礼, пин-јин: lǐ, ли) се материјален израз, односно очигледен вид на човекољубието. Иако неговата манифестација е ограничена со ритуалите, човекољубието не ги отфрла ритуалите, туку наоѓа соодветен начин за да се искаже.

Политика

Конфучиевите мисли се темелат на неговата етика и идејата за општествените односи, земајќи го примерот на Војводата од Џоу како совршено доблесен владетел.

Конфучиј, општествените односи ги поделил на пет главни, под кои може да се сврстат сите останати. Тоа се односите меѓу владетелот и поданиците, меѓу таткото и синот, мажот и жената, постариот и помладиот брат и односот меѓу пријателите. Првите четири се карактеризираат со праведност и добронамерност во управувањето и искреност и правилност во однесувањето. Односот меѓу пријателите треба да се карактеризира со меѓусебно унапредување и рутина. Со тоа, многу е важно влијанието и примерот на владетелот.

Во склад со ова, поново бил интерпретиран и односот кон реинтерпретиран је и однос према мандатот на Небото, односно потеклото и суштината на царската власт. Конфучиј ја подржувал идејата за царски апсолутизам, но вовел и разни формални ограничувања но владетелското самоволие. Меѓу другото, се сметало дека во рамките на почитувањето на надредениот, подредениот има обврска да го посоветува, доколку овој не постапува правилно.

Конфучиевиот ученик Менг-це од овие мисли ја извел својата политичка теорија, според која владетелот кој не се однесува како што му доликува, според неговата положба, тој може да го изгуби мандатот од Небото и да биде симнат од престолот. На тој начин се оправдува убиството на тиранот и овозможен е формален легитимитет на смена на династијата.

Во вториот век пред новата ера, наичникот и државник Дунг Џунг-шу (董仲舒, пин-јин: Dǒng Zhòngshū) од државата Чин го институционализирал конфучијанството како државна идеологија и вовел систем на државни испити за идните чиновници. Ова, со мали измени се задржало, сè до прогласувањето на републиката во 1911 година, а конфучијанството е интегрален дел од кинеските мисли, вклучени во современиот социјализам со кинески карактеристики.

Ученици и потомци

Гробот на Конфучиј во Чифу

Конфучиевото учење продолжиле да го предваат и шират неговите ученици и потомци. Најзначајни меѓу нив биле неговиот внук Циси (子思, пин-јин: Zǐsī), Менг-це (孟子, пин-јин: Mèng Zǐ, Менг-ци), Сјин-це (荀子, пин-јин: Xún Zǐ) и Јан Хуј (颜回, пин-јин: Yán Huí).

За време на целото владеење на династиите, Конфучиевите потомци биле третирани со најголеми почести и одликувани со титули од страна на владетелите. Титулата војвода со врвна светост (衍圣公, пин-јин: Yǎnshèng gōng, Јен-шенг гунг) била давана на најстариот член на секоја генерација. Последниот Конфучиев потомок, кој бил одликуван со титулата беше Кунг Деченг(孔德成, пин-јин: Kǒng Déchéng; 1920-2008), кој беше од 77. генерација и работел како професор на Народниот универзитет на Тајван.

Конфучиевото семејство, денес го има најдолгото сочувано педигре во светот. Најмладата генерација на директни потомци на Конфучиј, сметајќи се по неговата смрт, денес е 83. по ред[4]. Според Конфучијанскиот генеолошки комитет, денес Конфучиј има повеќе од 2 милиони, а можеби и 3 милиони потомци.[5] Од овие, неколку десетици илјади живеат надвор од Кина.[5] Во 1300-тите, негов потомок се преселил во Кореа, каде што денес живеат околу 34,000 потомци.[5] Потомците од една од главните негови лози се преселиле од Чифу во Тајван, за време на Кинеската граѓанска војна во 1940-тите.[6] .......................

Познати изјави

Конфучиј го опишал својот живот на следниот начин:

На петнаесет години започнав да учам, на триесет одев со цврсти чекори по патот на знаењето, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ги познавав само законите на небото, во шеесеттите разбирав сѐ што ќе слушнеше моето уво, во седумдесеттите, следејќи ги желбите на моето срце, не прекршив ниедно правило.

Поврзано

Белешки

  • а Во оригинал, со употреба на кинески знаци, оваа аксиома гласи: 己欲立, 而立人 (пин-јин: Jǐ yù lì, ér lì rén).
  • б Во оригинал: 己所不欲, 勿施于人 (пин-јин: Jǐ suǒ bú yù, wù shī yú rén)
  • в Во оригинал: 君子喻于义, 小人喻于利 (пин-јин: Jūnzǐ yù yú yì, xiǎorén yù yú lì)

Наводи

  1. Лун-ји, 6:30
  2. Лун-ји, 2:2
  3. Лун-ји, 4:16
  4. Confucius family tree revision ends with 2 mln descendants
  5. 5,0 5,1 5,2 Updated Confucius family tree has two million members
  6. Kong Demao, The House of Confucius (London: Hodder & Stoughton, 1988).

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA