Васил Левски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: tr:Vasil Levski
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија за личност
{{Инфокутија за личност
| име = Васил Левски
| име = Васил Левски
| портрет = Vasil Levski.jpg
| портрет = Kiko Levski.jpg
| опис = бугарски револуционер и национален херој
| опис = бугарски револуционер и национален херој
| наставка =
| наставка =

Преработка од 15:16, 12 декември 2011

Васил Левски
Податотека:Kiko Levski.jpg
Роден 18 јули 1837
Карлово, Отоманска Империја
Починал 19 февруари 1873
Софија, Отоманска Империја

Васил Левски (роден како Васил Иванов Кунчев) (бугарски: Васил Левски) (Карлово, 18 јули 1837 - Софија, 19 февруари 1873) бил револуционер, идеолог, стратег и теоретичар на бугарската национална револуција, водел борба за ослободување од турското ропство. Поради неговата голема важност за ослободувањето на Бугариjа, Левски е национален хероj за Бугарите и често е нарекуван "Апостолот на слободата". Опеан е во народни песни во Бугарија и Македонија [1].

Биографиjа

Рани години

Васил Левски во Втората Бугарска легиjа, 1867/68 год.

Левски е роден во 1837 година во градот Карлово, просперитетен индустриски центар во тоа време. Се замонашил на дваесет и четири години (затоа често е нарекуван и Ѓаконот), но подоцна jа напуштил црквата за да води револуционерна борба против Османската Империја.

Во 1862 година Левски отишол во Србија, кадешто се запишал како доброволец во Бугарската Легиjа, коja што била организирана од еден друг голем бугарски револуционер, Георги Раковски. Лозинката "Левски" (Лавски) е од овоj период - во време на подготовката тоj направил еден долг скок, определен од неговите другари како лавски скок. Меѓу 1862-1868 година тоj зел учество во сите бугарски вооружени напади против Отоманската империjа.

Револуционерни идеи и теории

Левски, околу 1870 год.

Кон краjот на 60-те години на 19 век, Левски развил една револуционерна теориjа, коjа што била решителен чекор напред за Бугарското ослободително движение. Теориjата гледала на националната ослободителна револуциjа како вооружено востание на сите Бугари во Османската империjа.

Востанието требало да биде подготвено, контролирано и координирано од централна револуционерна организациja. Oваа оранизациjа требало да вклучува определен броj месни револуционерни комитети во сите делови на Бугариjа и требало да фунционира независно од туѓи сили. Теориjата на Левски се поjавила како резултат од многуте неуспешни обиди да бидат реализирани идеите на Раковски, т.е. вооружени чети кои што доаѓале од соседни држави да провоцираат општо востание кое требало да доведе до ослободувањето на Бугариjа.

Организирање на револуционерна мрежа

Во 1869 година Левски се зафатил да ги организира локалните револуционерни комитети. Кон средината на 1872 тоj веќе успеал да создаде една голема мрежа од комитети во бугарските градови и села, кои што биле потчинети и во постоjан контакт со нелегалната бугарска влада во Ловеч. Комитетите купувале оружје, организирале вооружени чети и казнени акции против некои особено зли турски чиновници и бугарски предавници.

Во текот на маj 1872, Бугарскиот Револуционерен Централен Комитет (БРЦК) и Внатрешната Револуционерна Организациjа се убедија дека координирањето на напорите ќе биде вредно за сите и се обединиле во една организациjа.

Фаќање

Поради предавство Левски е фатен од Турците во 1872 година и обесен на 19 февруари 1873 година во околината на Софија.

Извори

  1. „Песна за Васил Левски“ от Тиквешията; Коста Църнушанов. „БЪЛГАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОТ МАКЕДОНИЯ“. Държавно издателство „Музика“, София, 1989. стр. 395.

Надворешни врски