Млади и неуморни: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 24: Ред 24:
Во [[2001]], ''Млади и неуморни'' почна да се снима и симултано емитува во [[висока дефиниција]] (HDTV), и со тоа стана првата сапуница што го направила овој чекор.
Во [[2001]], ''Млади и неуморни'' почна да се снима и симултано емитува во [[висока дефиниција]] (HDTV), и со тоа стана првата сапуница што го направила овој чекор.


Сител телевизија прикажа две сезони, вкупно 280 епизоди од оваа сапуница.
Пред неколку години, Сител телевизија прикажа две сезони, вкупно 280 епизоди од оваа сапуница. Прикажаните епизоди беа од [[25 мај]] [[1998]] - [[1999]]. Моментално се емитуваат репризи секој работен ден во 15:00.


==Сегашни глумци==
==Сегашни глумци==

Преработка од 17:50, 31 јули 2007

Предлошка:Инфокутија Телевизиска емисија Млади и неуморни (англиски: The Young and the Restless) е популарна американска телевизиска сапуница, која се емитува секој работен ден на телевизијата CBS, од 26 март 1973. Создадена е од Вилијам Бел и Ли Филип Бел, кои ја сместија драмата во серијата во измислениот град Џеноа Сити, Висконсин.

На почетокот, серијата се фокусираше на семејните и професионалните животи на две семејства во Џеноа Сити, богатите Брукс и сиромашните Фостерс. По многубројни промени на глумците во раните 1980ти, главна тема на серијата станаа семејствата Абот и Њуман, нивните две поединечни компании и ривалството меѓу нив. Меѓутоа, една главна приказна владее во серијата уште од скоро самиот почеток, а тоа е ривалството помеѓу Џил Фостер Абот и Кетрин Кенселор.

На почетокот, Млади и неуморни беше емитувана во полчасовни епизоди, пет пати неделно. Од 1 февруари 1980, се емитуваат едночасовни епизоди. Млади и неуморни е најгледаната дневна драма на американска телевизија. Во 2006, екипата што ја снима серијата ги прослави нејзините 900 недели (18 години) по ред на врвот на гледаноста на дневните серии и програми.

Млади и неуморни има освоено седум Дневни Еми Награди за најдобра драмска серија. Само Главна болница има освоено повеќе (девет).

Во 2001, Млади и неуморни почна да се снима и симултано емитува во висока дефиниција (HDTV), и со тоа стана првата сапуница што го направила овој чекор.

Пред неколку години, Сител телевизија прикажа две сезони, вкупно 280 епизоди од оваа сапуница. Прикажаните епизоди беа од 25 мај 1998 - 1999. Моментално се емитуваат репризи секој работен ден во 15:00.

Сегашни глумци

Актер Улога Статус
Питер Бергман Џек Абот 1989- (#2)
Мелоди Томас Скот Ники Њуман 1979- (#2)
Ерик Брејден Виктор Њуман 1980-
Мишел Стафорд Филис Самерс Њуман 1994-1997, 2000- (#1)
Шерон Кејс Шерон Абот 1995-2003, 2003- (се појавува 1994-1995)
Џошуа Мороу Николас Њуман 1994-
Џудит Чепмен Глорија Бардвел 2005- (#2)
Џајен Купер Кетрин Кенселор 1973-
Даг Дејвидсон Пол Вилијамс 1978-
Дон Дајмонт Бред Карлтон 1985-1996, 1998-
Брајтон Дивон Хемилтон 2004-
Едријен Франц Емброжа Мур Ешби 2006-
Даниел Гудард Кејн Ешби 2007-
Мајкл Грациадеи Даниел Ромалоти 2004-
Амелија Хајнл Викторија Њуман 2005- (#3)
Винсент Иризари Дејвид Чоу 2007-
Кристел Калил Лили Винтерс Ромалоти 2002-2005, 2006- (#1)
Кристијан ЛеБланк Мајкл Болдвин 1991-1993, 1997-
Кејт Линдер Естер Валентин 1985-
Тед Лакинбил ЏејТи Хелстром 2001- (се појавува 1999-2001)
Емили О Брајен Џена Хокс 2006-2007, 2007-
Ниа Пиплес Карен Тејлор 2007-
Ајал Родел Адриан Корбел 2006-
Грег Рикарт Кевин Фишер 2003-
Деана Русо Логан Армстронг 2007
Веил Блум Хедер Стивенс 2007-
Ерик Стајнберг Џи Мин Ким 2006-
Кристоф Сент Џон Нил Винтерс 1991-
Џес Волтон Џил Фостер Абот 1987- (#4)

Насловна мелодија

“Nadia’s theme” е музичката тема на Млади и неуморни од самиот почеток на серијата во 1973. Мелодијата била оригинално наречена “Cotton’s Dream” и напишана од Бери Де Ворзон и Пери Боткин Јр. за филмот Благословете ги ѕверовите и децата. Подоцна, мелодијата била прекрстена во “Nadia’s theme” по настапот на романската гиманстичарка Надиа Команечи на летните олимписки игри во 1976 и прикажувањето на овој настап на ABC со музиката од популарната сапуница.

Гледаност

На самиот почеток во 70-тите, серијата беше на дното на гледаноста, како и сите серии при дебутот. Веќе по една-две сезони, гледаноста порасна, а во 1988-1989, се искачи на врвот и до сега ни една сапуница ја нема симнато.

Историја на дневната гледаност: Најгледана недела (Ноември 16-20 1981)

Сапуница Домаќинства (Термин) Телевизија Гледачи
Главна болница 16.0 (3-4pm) ABC 30 милиони
Сите мои деца 10.2 (1-2pm) ABC 14 милиони
Еден живот за живеење 10.2 (2-3pm) ABC 13.9 милиони
Водечко светло 7.9 (3-4pm) CBS 8.3 милиони
Млади и неуморни 7.3 (12:30-1:30pm) CBS 8 милиони

1995 гледаност

Сапуница Милиони гледачи
Млади и неуморни 4.155
Сите мои деца 3.891
Главна болница 3.343
Смели и убави 3.247
Еден живот за живеење 3.152

Надворешни врски