’Рбетници: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 24: | Ред 24: | ||
* Повеќеслоен [[епидермис]]. Епидермисот е изграден од неколку додатни слоеви на клетки. Тој образува [[кожа]] со неколку слоеви и придружни творби, како [[Лушпа (зоологија)|лушпи]], [[пердув]]и и сл. |
* Повеќеслоен [[епидермис]]. Епидермисот е изграден од неколку додатни слоеви на клетки. Тој образува [[кожа]] со неколку слоеви и придружни творби, како [[Лушпа (зоологија)|лушпи]], [[пердув]]и и сл. |
||
* Неврокраниум: мозокот и |
* Неврокраниум (односно череп): мозокот и поглавните сетилни органи се заштитени со капсула. |
||
* Нервен гребен: творба од плурипотентни ембрионски клетки, кои се добиваат од ектодермот на границата меѓу епидермалниот и нервниот ектодерм. |
* Нервен гребен: творба од плурипотентни ембрионски клетки, кои се добиваат од ектодермот на границата меѓу епидермалниот и нервниот ектодерм. |
||
* Плакоди: задебелувања (испапчувања) на ембрионскиот епидермис од кои се образуваат органите. Клетките од кранијалните плакоди учествуваат во создавањето на нервните органи. |
* Плакоди: задебелувања (испапчувања) на ембрионскиот епидермис од кои се образуваат органите. Клетките од кранијалните плакоди учествуваат во создавањето на нервните органи. |
Преработка од 18:25, 12 октомври 2010
‘Рбетници Vertebrata Период: Ран Камбриум - денес | |
---|---|
Калифорниска пастрмка, Oncorhynchus mykiss | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Потколено: | Vertebrata Кивие, 1812 |
Групи | |
‘Рбетниците (латински: Vertebrata, понекогаш и Craniata) се поттип на хордови животни на чиј антериорен крај се развил череп (што ги разликува од останатите поттипови на хордати). За разлика од другите хордати, ‘рбетниците активно ја набавуваат храната. Овој активен начин на исхрана е овозможен, пред се, со силниот развиток на осковиот скелет, сложените сетилни органи и диференцираниот черепен мозок.
‘Рбетниците стекнале подобра ориентација во својата конкретна животна средина благодарејќи на силниот развиток на сетилните органи, особено на органите за слух, мирис и вид, како и на развитокот на мозокот кој ја регулира целата активност на организмот. Затворениот крвоносен систем снабден со контрактилен орган - срце, како и крвта со крвните клетки обезбедуваат побрз и подобар транспорт на гасовите и хранливите материи, а со тоа и поголема енергетска потрошувачка. Интензивниот промет на гасовите е осигуран со добро развиени органи за дишење - жабри или бели дробови. Сите овие, како и некои други можности што ги стекнале ‘рбетниците во својот еволутивен развиток, дале можност да го достигнат врвниот степен на развитокот. Тоа максимално е постигнато кај човекот како единствено разумно живо суштество на нашата планета.
Заеднички особини
Монофилијата на ‘рбетниците е поддржана од заеднички изведени (нови) основни карактеристики во градбата на нивното тело (синапоморфии), и тоа:
- Повеќеслоен епидермис. Епидермисот е изграден од неколку додатни слоеви на клетки. Тој образува кожа со неколку слоеви и придружни творби, како лушпи, пердуви и сл.
- Неврокраниум (односно череп): мозокот и поглавните сетилни органи се заштитени со капсула.
- Нервен гребен: творба од плурипотентни ембрионски клетки, кои се добиваат од ектодермот на границата меѓу епидермалниот и нервниот ектодерм.
- Плакоди: задебелувања (испапчувања) на ембрионскиот епидермис од кои се образуваат органите. Клетките од кранијалните плакоди учествуваат во создавањето на нервните органи.
- Лавиринтен орган: орган на рамнотежата.
- Мозок: Предниот дел од нервната цевка е диференциран во повеќечлен мозок.
- Главени нерви. Тоа се десет нерви кои го поврзуваат мозокот со периферниот нервен систем. Тие се прилично постојани кај ‘рбетниците.
- Грбни коренски ганглии. Тоа се ганглии во кои се собрани невроните од аферентните мозочни нерви.
Поделба
Конвенционална систематика
Во најголем број учебници, прирачници и сл., денешните ‘рбетници се поделени на осум класи. Поделбата е направена врз основа на традиционалните анатомски и физиолошки особини:
Филогенетска систематика
Додека конвенционалната систематика погоре е добро подредена, сепак, често се смета дека е неточна во филогенетски поглед, бидејќи повеќето групи се парафилетски, односно не ги содржат сите наследници од даден заеднички предок. Малку се научниците кои работат со систематика на ‘рбетниците основана на филогенија и организирана според нивната еволутивна историја. Како пример за ваква систематика на ‘рбетниците тука е дадена онаа од Janvier (1981, 1997), Shu et al.. (2003) и Benton (2004)[1]:
- Поттип Vertebrata
- (Нерангирана група) Hyperoartia (змиулки)
- Класа †Conodonta
- Класа †Pteraspidomorphi
- Класа †Thelodonti
- Класа †Anaspida
- Класа †Galeaspida
- Класа †Pituriaspida
- Класа †Osteostraci
- Инфратип Gnathostomata (‘рбетници со вилица)
- Класа †Placodermi (палеозојски оклопни форми)
- Класа Chondrichthyes (‘рскавични риби)
- Класа †Acanthodii (палеозојски "бодликави ајкули")
- Надкласа Osteichthyes (коскени риби)
- Класа Actinopterygii (зракоперки)
- Класа Sarcopterygii (ракоперки)
- Поткласа Coelacanthimorpha (целаканти)
- Поткласа Dipnoi (белодробни риби)
- Поткласа Tetrapodomorpha (предци на тетраподите)
- Надкласа Tetrapoda (‘рбетници со четири екстремитети)
- Класа Amphibia: понекогаш се користи и Lissamphibia (водоземци)
- (Нерангирана група) Amniota (животни со амниотски ембриони)
- (Нерангирана група: некаде класа) Sauropsida (влечуги и птици)
- Класа Aves (птици)
- (Нерангирана група: некаде класа) Synapsida (цицачи и сродници)
- Класа Mammalia (цицачи)