Рибарски железнички мост (Киев)
Изглед
Рибарски железнички мост Рибальський залізничний міст | |
---|---|
Рибарски железнички мост | |
Координати | 50°29′1″N 30°32′49″E / 50.48361° СГШ; 30.54694° ИГД |
Носи | Железнички |
Преминува | Днепар |
Место | Киев, Украина |
Особености | |
Вкуп. должина | 1,500 m |
Историја | |
Почнат | 1916 |
Отворен | 1916/1917 |
Местоположба | |
Рибарски железнички мост (украински: Риба́льський залізни́чний міст) — мост што минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.
Овој мост врши услуги за железничкиот сообраќај во градот. Мостот бил изграден во периодот од 1916 до 1917 година. По заземањето на власта од страна на болшевиците, мостот бил запуштен. Во 1929 година, мостот бил повторно пуштен во употреба. За време на Втората светска војна мостот бил разрушен, а по ослободувањето на Киев, повторно изграден.
Денеска, мостот се користи главно за пренесување на товарни вагони, но понекогаш преку него минуваат и локални возови. Вкупната должина на мостот изнесува 1,5 километри.
|
„Рибарски железнички мост (Киев)“ на Ризницата ? |