Прејди на содржината

Рамнојазична согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамнојазична согласка
◌̻
МФА-бр.410
Шифрирање
Единица (дек.)̻
Уникод (хекс.)U+033B

 
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Рамнојазичнна согласка (ламинална)[1] е глас што се создава со рамниот (сплеснат) дел зад врвот на јазикот. Се разликуваат со врвнојазичните согаски (апикални), кои се добиваат со создавање на препрека само со врвот на јазикот. Оваа разлика важи само за преднојазичните согласки (коронални), каде се користи предницата на јазикот.

Разликувањето на рамнојазични наспроти врвнојазични согласки не е честа појава во рамките на еден ист јазик. Меѓутоа оваа противположба е мошне застапена во австралиските јазици, кои обично немаат струјни гласови. Вон Австралиј, тие се најесто фонемски со струјните и слеаните согласки наместо со избувните, иако некои домородни јазици во Калифорнија ги разликуваат и со избувните, додека пак кенискиот јазик дахало ги разликува само со избувни. Разлика помеѓу рамнојазичните и врнојазичните гласови во венечното подрачје прават српскохрватскиот и баскискиот, додека пак полскиот и мандаринскиот ја прават таа разлика во задновенечното подрачје.

Мошне честа рамнојазична творба е забно-венечната, која го опфаќа забниот венец сè до самите заби, но е истакната малку понапред од другите венечни странични согласки, кои опфаќаат поголем дел од забнот венец (па затоа можат да се сметаат за задновенечни). Оваа ситуација се среќава во францускиот јазик.

Во Меѓународната фонетска азбука (МФА), рамнојазичните согласки се означуваат со дијакритичниот знак U+033B ◌̻ придружен подреден квадрат (HTML: ̻).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
  1. Позната и како ламинал.