Разговор со корисник:Ivka20
Здраво Ivka20, благодарам за учеството на натпреварот Запознајте ја Шведска кој е за членовите на Вики Клубовите. Во кој Вики Клуб си член? Се обидов да те најдам, но засега безуспешно. Поздрав -Виолетова (разговор) 13:34, 24 ноември 2021 (CET)
- Не сум во ниеден дека сум над 30 години Ivka20 (разговор) 14:17, 24 ноември 2021 (CET)
здраво, помогни ми на проектот[уреди извор]
здраво, јас сум МК01, те поканувам да ми помогнеш на мојот проект Нециклопедија, еве го https://mk.neciklopedija.org 212.35.189.168 (разговор) 11:50, 15 декември 2022 (CET)
- Zdravo, ne se otvora linkot. A kako da ti pomognam? Ivka20 (разговор) 11:58, 15 декември 2022 (CET)
еве го линкот https://mk.neciklopedija.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0212.35.189.168 (разговор) 11:59, 15 декември 2022 (CET)
- Error 1005
- Access denied
- mi pisuva Ivka20 (разговор) 12:19, 15 декември 2022 (CET)
Статии за жени[уреди извор]
Здраво, статиите кои досега си ги напишала за пратенички се целосен препис од страницата на Собранието, без никакви уредувања, дури и насловите се напишани со големи букви. Те повикувам досегашните статии да ги преработиш согласно примеров, во спротивно истите статии ќе бидат избришани. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:29, 15 декември 2022 (CET)
- da da ke gi smenam, uste ucam :D Ivka20 (разговор) 14:31, 15 декември 2022 (CET)
- Како да ги сменам големите букви во мали? Ivka20 (разговор) 14:46, 15 декември 2022 (CET)
- @Ivka20 Здраво, мило ми е што си го применила мојот совет. Инаку, треба да имаш опција „премести“ кај делот „Историја“, што би требало да биде како паѓачко мени. Доколку немаш, кажи ми, па ќе ги преместам јас. --Ehrlich91 (разговор) 19:13, 15 декември 2022 (CET)
- Немам паѓачко мени Ivka20 (разговор) 13:06, 16 декември 2022 (CET)
- Еј го најдов преместив види дали сега е океј Ivka20 (разговор) 18:33, 16 декември 2022 (CET)
- @Ivka20 Здраво, мило ми е што си го применила мојот совет. Инаку, треба да имаш опција „премести“ кај делот „Историја“, што би требало да биде како паѓачко мени. Доколку немаш, кажи ми, па ќе ги преместам јас. --Ehrlich91 (разговор) 19:13, 15 декември 2022 (CET)
Употреба на името „Македонија“[уреди извор]
Здраво, согласно разговори вршени на Википедија на македонски јазик, заедницата на уредници уште при промената на официјалното име на Македонија, беше утврдено дека на Википедија на македонски јазик ќе продолжи да се употребува името Македонија, па затоа не ги менувај статиите со новото име. Воедно, држава на раѓање се пишува државата во која историски тогаш постоела, а не државата која е денес на таа територија и тоа е правило. --Ehrlich91 (разговор) 10:28, 21 декември 2022 (CET)
- Во ред важи ќе вратам како беше Ivka20 (разговор) 12:16, 21 декември 2022 (CET)
Награда[уреди извор]
Здраво, те известувам дека си добитничка на награда по основ на завршената уредувачка седмица „Родов јаз 2022“ во износ од 2.000 денари што е ваучер за книги. Те молам да ме контактираш на мејл (toni91ehrlich@gmail.com) како би те поврзал со нашиот административен вработен за да се организирате за подигнување на ваучерот. Поздрав, Тони --Ehrlich91 (разговор) 12:56, 5 јануари 2023 (CET)
- Фала ви, ви испратив маил. Поздрав Ivka20 (разговор) 10:18, 11 јануари 2023 (CET)
Извори[уреди извор]
Здраво Ivka20. Во врска со натпреварот за наведување извори, #1Lib1Ref #1Lib1RefCEE треба да ги ставиш во описот, а не на крај од статија. Поздрав--Тиверополник (разговор) 13:27, 16 јануари 2023 (CET)
- Фала, тоа не знаев каде. А во кој опис? Каде е тоа?
- И дали ми се добри референците? Да не грешам негде? Ivka20 (разговор) 13:38, 16 јануари 2023 (CET)
- Опис е пасусот каде што ставам референци? Дали во секој пасус треба или само таму каде што е измената? Ivka20 (разговор) 13:40, 16 јануари 2023 (CET)
- Ставив во опис само едно ми појави, а другите? :) Ivka20 (разговор) 15:20, 16 јануари 2023 (CET)
- Повторно грешиш. Значи, пред да одиш на зачувај, во опис треба да ставиш #1Lib1Ref #1Lib1RefCEE. Види ги моите уредувања......
Создавање статии итн.[уреди извор]
Здраво, Ивка. Сакам само да ти кажам некои работи во врска со создавање статии. Договорено е дека наместо „Референци“, пишуваме „Наводи“. „Видете исто така“ ќе биде „Поврзано“. „Дополнителни извори“ е „Литература/книжевност“. Исто така кога ќе создадеш статија, одиш лево каде што пишува „Предмет на Википодатоци“, се најавуваш, и во делот „Macedonian“ го пишуваш името на статијата на македонски (другите две по избор). Тоа го направив за статијата „Ирод Агрипа II“, можеш да видиш како е и да го направиш ова за сите статии што си ги направила досега. Ова се прави на сите статии (може и на несоздадени) за да се појави името на македонски на Гугл кога ќе пребаруваш на англиски. Исто така практикуваме ставање тире (—) на почетокот на секоја статија каде што може (в. Ирод Агрипа).
Задолжително заменување на англизми со македонски зборови (повели речници: Дигитален речник, Официјален дигитален речник), правопис и поубав технички изглед. Наводите и интерпункциските знаци се пишуваат веднаш до зборот и се споени, а не разделени. Те молам внимавај на ова. Ако имаш прашања, слободно пиши. :) Поздрав. --Andrew012p (разговор) 15:04, 2 август 2023 (CEST)
Описи на македонски јазик[уреди извор]
Здраво, те предупредувам дека кога додаваш фотографии во статиите, да ги користиш македонските кирилични назици, а не да ги оставаш на латиница. --Ehrlich91 (разговор) 17:10, 5 август 2023 (CEST)
Име на статија, норма за цркви[уреди извор]
Здраво, сакам да ти посочам дека насловот на статијата најчесто не се членува, наместо Црквата Мармирои, треба да биде Црква Мармирои. Исто така нормата за пишување сатии за цркви е следниот: Црква „Име“ - Место, пример: Црква „Св. Јован Крстител“ - Капиштец или Црква „Св. Димитриј“ - Скопје, а потоа статијата започнува само со Св. Јован Крстител — ... или Св. Димитриј — ... Поздрав Bojan9Spasovski (разговор) 14:49, 16 јануари 2024 (CET)
- Во ред ќе внимавам.
- А дали точно го правам ова 1Lib1Ref2024
- ? Ivka20 (разговор) 14:20, 17 јануари 2024 (CET)
- Добар ден, зошто овие што учествував на LibRef ми пишува отповикано???? нели ве прашав на почетокот дали ги правам точно ништо не ми одговоривте, барам да ми се вратат и да ми се пресмета мојот труд...инаку ќе преземам мерки. Не е фер сепак ова што ми го правите.... Ivka20 (разговор) 07:38, 28 февруари 2024 (CET)
Предупредување[уреди извор]
Здраво, ти го користиш алатникот за превод што е целосно исправно, но тоа не значи дека не треба ништо на тие статии да промениш. Скоро сите твои статии имаат ознака „Превод на содржини: Голема употреба на неизменет машински превод“, односно ти не менуваш ништо и со тоа твоите статии не се никаква додадена вредност за нашата Википедија, туку се спремни да бидат избришани, бидејќи нам не ни требаат статии кои само ќе бидат автоматски преведени. Ова е предупредување од моја страна за да ги изменуваш статиите користејќи ги упатствата (како тука). --Ehrlich91 (разговор) 21:12, 18 јануари 2024 (CET)
- Здраво, како така смеете да ги избришете ако сум се потрудила? не е фер мислам дека. А треба ли да измислувам статии, точно преводот да треба да помогне за да не измислуваме текстови. Ќе избришете статии кога не соодвествуваат со насловот односно се измислени и не постојат. А преводот значи постојат и точни се информациите. Ќе се потрудам да ги изменувам според вашите упатства во иднина. Ви благодарам на линкот. Ivka20 (разговор) 11:23, 20 јануари 2024 (CET)
- @Ivka20 Многу едноставно дека треба да се избришат твоите статии, бидејќи ти воопшто не се трудиш и тука е проблемот. Да се трудиш статиите не би ја имале ознаката „Превод на содржини: Голема употреба на неизменет машински превод“.
- Последен од твоите примери е следнава реченица: „Заден екран е кошаркарски маневар во кој учествуваат двајца играчи, наречени секач и скринер...“. Тука никој не разбира што сака некој да каже. Ќе дојде некој да го прочита ова и ќе се смее и ќе рече како некој го дозволил ова да го има на Википедија.
- Така што, ова ти е последно предупредување, да престанеш со напливот на статии и да ги средиш претходните. --Ehrlich91 (разговор) 20:01, 20 јануари 2024 (CET)
- Добар ден, зошто овие што учествував на LibRef ми пишува отповикано???? нели ве прашав на почетокот дали ги правам точно ништо не ми одговоривте, барам да ми се вратат и да ми се пресмета мојот труд...инаку ќе преземам мерки. Не е фер сепак ова што ми го правите.... Ivka20 (разговор) 07:38, 28 февруари 2024 (CET)