Пат на свилата
Пат на свилата — поим којшто се однесува на низа трговски и културни патишта коишто имале централно значење во културната интеракција меѓу регионите на азискиот континент, поврзувајќи го западниот со источниот свет преку односите меѓу трговците, аџиите, свештениците, номадите и урбаното население од Кина до Средоземното Море.[2]
Протегајќи се нво должина од 6.437 km, Патот на свилата го добил своето име по профитабилната трговија со кинеска свила којашто започнала да се превезува по овие патишта за време на династиајта Хан (206 п.н.е. - 220). Во време на оваа династија, околу 114 година п.н.е., средноазиските патишта биле проширени, најмногу благодарение на мисиите и истражувањата на Џан Циен.[3] Тие посветиле голем интерес во безбедноста на своите производи што се тргувале и го прошириле Кинескиот Ѕид со цел да ги заштити трговските патишта.[4]
Трговијата по Патот на свилата бил значаен фактор во развојот на цивилизациите во Кина, Индискиот Потконтинент, Персија, Европа и Арабија. Тој започнал политички и економски односи меѓу цивилизациите на голема оддалеченост.[5] Иако свилата била големо трговско добро за Кина, во трговијата биле вклучени и многу други добра, а различните технологии, религии и филозофии, како и бубонската чума (наречена „црна смрт“) биле пренесувани низ патиптата. Освен за економска трговија, Патот на свилата служел и како еден од начините за културна трговија меѓу цивилизациите што ги поврзувал.[6]
Во античкиот период, најголеми трговци биле индиските и бактриските трговци, од 5. до 8. век согдијанските, а потоа арапските и персиските трговци.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Silk Roads: Highways of Commerce and Culture. Vadime Elisseeff (1998).
- ↑ Elisseeff, Vadime (2001). The Silk Roads: Highways of Culture and Commerce. UNESCO Publishing / Berghahn Books. ISBN 978-92-3-103652-1.
- ↑ Boulnois, Luce (2005). Silk Road: Monks, Warriors & Merchants. Hong Kong: Odyssey Books. стр. 66. ISBN 962-217-721-2.
- ↑ Xinru, Liu, The Silk Road in World History (New York: Oxford University Press, 2010), 11.
- ↑ Jerry Bentley, Old World Encounters: Cross-Cultural Contacts and Exchanges in Pre-Modern Times (New York: Oxford University Press, 1993), 32.
- ↑ Jerry Bentley, Old World Encounters: Cross-Cultural Contacts and Exchanges in Pre-Modern Times (New York: Oxford University Press, 1993), 33.
|