Павел Божигропски
Хаџи-Павел Граматиков Божигропски (~ 1800 во Кониково, Гуменџиско[1]— 1871 во Вртикоп, Воденско)― архимандрит, црковно-просветен и преродбенски деец, автор, преведувач претседател на повеќе црковно-училишни општини во Македонија.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Откако го завршил основното училиште во родното место, каде што го научил грчкиот јазик, заминал за Ерусалим. Таму се замонашил, добивајќи го чинот архимандрит, титулата хаџија и презимето Божигропски. Некое време престојувал во Русија, од каде донел свештенички одежди и литература. Како монах на Света Гора, во 1841 година, го составил изборниот апостол на црквенословенски јазик.[2]
Неговото име се поврзува со продажба на индулгенции со потписот на ерусалимскиот патријарх Кирил II во 1850 година. Оваа негова обврска е потврдена во писмената коресподенција со патријархот Кирил II. Сочувани се две писма од ерусалимскиот патријарх Кирил II испратени по хаџи Теодорос Париси од Солун, на 13 октомври 1850, од Константинопол, по кого му доставиле 100 индулгенции, кои како што пишува во писмото патријархот Кирил II, аџи Павел ги побарал.[3]
Во 1852 година го напечатил „Неделното евангелие“ (познато како Кониковско евангелие), во печатницата на Киријак Држилович во Солун, а во 1865 година, „Апостолот“ во цариградската печатница на Александар Егзарх. Освен тоа, од грчки на својот ениџервардарски говор (некаде стои-воденско наречје), го превел делото „Неделни евангелиски читања“. Од 1867 до 1870 година бил старешина на Лесновскиот манастир. На 11 мај 1870 година, станал претседател на Воденската црковно-училишна општина.[2]
Починал во октомври 1871, во селото Вртикоп, Битолско.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lindstedt, Jouko (2015). Синтаксата на Кониковското евангелие - дијалектна или калкирана?. Скопје: Универзитет Свети Кирил и Методиј. стр. 77.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 134. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Лакалиска, Снешка (2018). „ИЛУСТРИРАНИ БОЖИГРОПСКИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРОСТУВАЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ – INDULGENTIA / SYNCHŌROHARTIА“ (PDF). Каламус: 413.
Литература
[уреди | уреди извор]- Виолета Крстеска - МАКЕДОНСКИ ТЕКСТОВИ СО ГРЧКО ПИСМО, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЗБОРНИКОТ ОД ПОУЧЕНИА Архивирано на 27 јануари 2022 г.
- Харалампие Поленаковиќ - Грчкиот алфавит употребуван во македонските книжевни текстови во текот на вековите
- The Konikovo Gospel
- Konikovo Gospel by Jouko Lindstedt, Ljudmil Spasov, Juhani Nuorluoto
- Македонски јазик и во 17 век! Архивирано на 27 јануари 2022 г.