Олга Николаевна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Големата кнегиња Олга Николаевна
Почивалиште
ДинастијаДинастија Романови
ТаткоНиколај II
МајкаАлександра Фјодоровна
ВероисповедРуска Православна црква

Олга Николаевна (руски: Ольга Николаевна Романова) била ќерка на последниот руски император Николај II и неговата сопруга Александра Фјодоровна.

Таа е родена на 15 ноември 1895 година во Царское Село, Русија. Како најстаро дете од фамилија Романови, се сметало дека таа ќе биде омажена за големиот кнез Дмитриј Павлович, принцот Карол, принцот Едвард или принцот Александар Караѓоргевиќ. Сепак, таа настојувала да се омажи за Русин, па така останала во својата земја. За време на Првата светска војна, Олга заедно со своите сестри ги посетувале ранетите војници во приватната болница во Царское Село (резиденцијата на царското семејство во близина Санкт Петербург), и помагала на ранетите војници. Царот Николај II Романов абдицирал во февруари 1917, а Олга и нејзиното семејство за време на Октомвриската револуција биле ставени во куќен притвор во Александровскиот дворец во Царское Село. Бидејќи се приближувале болшевиците, претседателот на привремената влада, Александар Керенски, ги преместил во Тобољск во Сибир. Кога болшевиците го зазеле поголемиот дел од Русија, Олга и царското семејство, биле префрлени од страна на болшевиците во Ипатиевиот дом, куќа која се користела за посебни потреби од страна на тајната болшевичка полиција, Чека, во Екатеринбург.[1]

На 17 јули 1918 година, Олга заедно со целото свое семејство биле стрелани од новите власти во Русија во Екатеринбург, по кое биле закопани на скришно место чија цел била да не бидат откриени нивните тела.

По падот на комунизмот, во 1991 година нејзините останки биле пронајдени заедно со останките на останатите членови на семејството. Нејзиното тело било идентифицирано преку ДНК тест. По ова, нивните останки биле погребани во Петропавловската катедрала во Петербург на 17 јули 1998 година. Во 2000 година, Руската Православна црква ги канонизирала за маченици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. King and Wilson (2003), стр. 78-102