Прејди на содржината

Национален парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк во Аргентина
Националниот парк Јелоустоун, САД
Планината Галичица во истоимениот национален парк во југозападна Македонија
Национален парк Маунт Аспајринг (Јужни Алпи, Нов Зеланд)
Националниот парк Абиску, Шведска

Национален парк — заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на владата на една земја. Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, експлоатација на природните ресурси и менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности. Првиот национален парк во светот е Јелоустоун во САД, основан во 1872 г., иако самата идеја е постара. Првиот во Македонија е Пелистер, прогласен во 1948 г. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN), и неговата Светска комисија за заштитени области, националните паркови се класификуваат како заштитени области од II категорија. Најголемиот национален парк во светот е Североисточен Гренланд, основан во 1974 г. Според МСЗП во светот постојат околу 7000 национални паркови (2010).[1]

Критериуми

[уреди | уреди извор]

Во 1969 г. МСЗП донеле одлука дека едно место е национален парк ако има релативно големо подрачје со особени својствени одлики.[2] За национален парк се смета место:

  • со еден или повеќе екосистем кој не е материјално видоизменет со експлоатација и населување од човекот, каде раститтелните и животинските водиви, геоморфолошките места и живеалишта се од особен научен, образовен и рекреативен интерес и кои содржат природни предели со значителна убавина.
  • каде највисокиот надлежен орган во земјата спречил и отстранил експлоатација и населување во целата област штом може и да налага почитување и заштита на еколошките, геоморфолошките и естетските особености поради кои областа е прогласена за национален парк.
  • каде на посетителите им се дозволува влез, од посебни услови, за инспиративни, образовни, културни и рекреативи цели.

Во 1971 г. се донесени дополнителни критериуми за појасно утврдување на подобноста на една област:

  • површина од барем 1.000 хектари во секое подрачје каде важи заштитата
  • законски пропишана заштита
  • буџет и доволно кадар за успешна заштита
  • забрана за експлоатација на природните ресурси (вклучувајќи брани) во име на спорт, риболов, управни потреби, сместувања, услуги итн.

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија има три национални парка:

Покрај ова, во постапка е разгледувањето за прогласување на Шара за четврт национален парк.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-07-28. Посетено на 2011-10-13.
  2. Gulez, Sumer (1992). A method of evaluating areas for national park status.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]