Македонска сага (филм)
„Македонска сага“ | |
---|---|
Режисер | Бранко Гапо |
Сценарист | Симон Дракул |
Главни улоги | Кирил Поп Христов Билјана Танески Мето Јовановски Владимир Светиев Владо Јовановски Сузан Максут Петар Темелковски Зафир Хаџиманов Бедија Беговска Тодор Николовски Шишман Ангеловски Чедо Камџијаш Мустафа Јашар Георги Бисерков |
Музика | Љупчо Константинов |
Премиера | 1993 |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Македонска сага — македонски игран филм по сценарио и режија на Бранко Гапо.[1] Премиерата била одржана во 1993 година.
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Доаѓањето на младиот учител Дамјан во едно село во Западна Македонија го разбранува вообичаеното секојдневие на неговите жители кои припаѓаат на различни вероисповеди. Тој по многу нешта се разликува од поранешните учители во селото. Со својата младост, со начинот на комуницирање со децата и со авангардизмот го привлекува вниманието на селаните.
Во таквиот склоп на околности, тој е почитуван гостин во многу селски домаќинства. Во едно од нив живее и девојката Џемиле, сестра на новиот пријател на учителот, кој по игра на случајот е и првата личност што тој ја запознава по пристигнувањето во селото. Убавата девојка му го привлекува вниманието на Дамјан кој во почетокот, можеби и неодговорно, и се додворува, не водејќи сметка за патријархалноста на средината во која се наоѓа. Се раѓа љубов, чија трагична компонента е присутна од самиот нејзин почеток. Различната верска припадност не ветува можност за среќен крај на љубовта што наскоро ќе престане да биде тајна. Под силниот притисок на семејството на Џемиле и на селото воопшто, Дамјан ќе го напушти селото. Набрзо потоа, како во бунило, тој се враќа. Но, во тој временски интерегрум Џемиле се самоубива, скокајќи во надојдените води на реката крај која и започна нејзината голема љубов.