Златна топка на ФИФА
Златна топка на ФИФА (француски: FIFA Ballon d‘Or) – поранешна награда која се доделувала во периодот од 2010 до 2015 година за најдобриот фудбалер на светот врз основа на гласовите на селекторите и капитените на државните репрезентации, како и спортски новинари ширум светот.
Наградата била доделувана во почетокот на јануари за успеси во претходната година во склоп на гала вечерата на ФИФА кога биле доделувани и наградите за најдобра фудбалерка, женски и машки тренер, најдобрите единаесетмина, најдобриот гол, фер-плеј трофејот, претседателската награда и наградата за развој. Воспоставена во 2010 година со спојување на наградите Златна топка и Фудбалер на годината на ФИФА.
Златната топка (Ballon d'Or) првпат била доделена во 1957 година од страна на француското фудбалско списание "Франс фудбал". Во изборот гласале новинарите, првично за играчи од Европа во европски клубови, потоа за сите играчи во европските клубови и на крајот, за сите фудбалери на светот. Во 1991 година ФИФА првпат ги доделила наградите за фудбалер и фудбалерска на годината. Гласале селекторите и капитените на репрезентациите. Од 2005 година двете награди ги добивале исти играчи и заради сличната намена дошло до идејата овие две признанија да се спојат во едно. Во текот на 2010 година, претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, објавил дека во соработка со „Франс фудбал“ е создадена нова награда.[1] Последен пат наградата е доделена во 2015 година, после што повторно се доделуваат две различни награди: Златна топка, која ја доделува Франс фудбал и Најдобар фудбалер на ФИФА, награда која ја покренала ФИФА како наследник на наградата Фудбалер на годината на ФИФА.[2][3]
Список на добитниците
[уреди | уреди извор]- Освојувачи на Златната топка на „Франс фудбал“ (1956-2009)
- Освојувачи на наградата Фудбалер на годината на ФИФА (1991-2009)
Година | Добитник на Златната топка | Второпласиран | Третопласиран |
---|---|---|---|
2010 | Аргентина Лионел Меси (Барселона) |
Шпанија Андрес Иниеста (Барселона) |
Шпанија Чави (Барселона) |
2011 | Аргентина Лионел Меси (2) (Барселона) |
Португалија Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) |
Шпанија Чави (Барселона) |
2012 | Аргентина Лионел Меси (3) (Барселона) |
Португалија Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) |
Шпанија Андрес Инијеста (Барселона) |
2013 | Португалија Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) |
Аргентина Лионел Меси (Барселона) |
Франција Франк Рибери (Баерн Минхен) |
2014 | Португалија Кристијано Роналдо (2) (Реал Мадрид) |
Аргентина Лионел Меси (Барселона) |
Германија Мануел Нојер (Баерн Минхен) |
2015 | Аргентина Лионел Меси (4) (Барселона) |
Португалија Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) |
Бразил Нејмар (Барселона) |
Поредок по освоени места
[уреди | уреди извор]- Играчи
Играч | 1. место | 2. место | 3. место | |
Аргентина Лионел Меси | ||||
Португалија Кристијано Роналдо | ||||
Шпанија Андрес Иниеста | ||||
Шпанија Чави | ||||
Франција Франк Рибери | ||||
Германија Мануел Нојер | ||||
Бразил Нејмар |
- Држави
Држава | 1. место | 2. место | 3. место | |
Аргентина Аргентина | ||||
Португалија Португалија | ||||
Шпанија Шпанија | ||||
Франција Франција | ||||
Германија Германија | ||||
Бразил Бразил |
- Клубови
Клуб | 1. место | 2. место | 3. место | |
Барселона | ||||
Реал Мадрид | ||||
Баерн Минхен |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The FIFA Ballon d'Or is born - FIFA.com“. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. Посетено на 2019-09-24.
- ↑ https://www.cambridge.org/core/journals/perspectives-on-politics/article/abs/messi-ronaldo-and-the-politics-of-celebrity-elections-voting-for-the-best-soccer-player-in-the-world/36CB5CB44D4C06866305408163A49290
- ↑ https://www.sportbible.com/football/ballon-dor-votes-lionel-messi-cristiano-ronaldo-665271-20230302
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на семрежното место на ФИФА Архивирано на 25 март 2015 г.