Западни Алпи
Западни Алпи | |
---|---|
Монблан — највисокиот врв на Западните Алпи | |
Највисока точка | |
Врв | Монблан |
Надм. височина | 4.810 м |
Величина | |
Должина | 300 км [1] |
Ширина | 150-185 км |
Географија | |
Земји | Монако, Франција, Италија и Швајцарија |
Координати | 45°49′59″N 6°51′54″E / 45.833° СГШ; 6.865° ИГД |
Матичен венец | Алпи |
Се граничи со | Список
|
Геологија | |
Горообразба | алпска |
Западни Алпи — западниот дел на Алпите кој ги опфаќа југоисточниот дел на Франција (Савоја), сето Монако, северозападна Италија и југозападниот дел на Швајцарија (Вале). На југоисток венецот е ограничен од Паданската Низина во долината на По. На запад, долината на Рона го дели од Централниот Масив. Најсеверниот дел (во најширока смисла) го образуваат Швајцарските Предалпи.
Планинските врвови и превои се повисоки од оние на Источните Алпи, а самиот венец е потесен и позасводен. Највисока планина е Монблан со 4.810 метри.
Поделба
[уреди | уреди извор]Според италијанското сметање усвоено во 1926 г., Алпите се делат на Западни, Централни и Источни.[2] Според ова традиционално сметање, Западните Алпи почнуваат од седлото Алтаре (или Кадибона) и завршуваат со седлото Ферет.
Западните Алпи се поделени на осум дела:
Приморски Алпи (1), Котски Алпи (2), Грајски Алпи (3), Провансалски Алпи (4), Дофински Алпи (5), Провансалски Предалпи (6), Дофински Предалпи (7) и Савојски Предалпи (8).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Западни Алпи“ на Ризницата ? |
- Западните Алпи на SummitPost (англиски)
- Западните Алпи на Pakware[мртва врска] (англиски)
- Западни Алпи — Енциклопедија Британика (англиски)
- Западни Алпи Архивирано на 23 март 2019 г. — Голема руска енциклопедија (руски)
- Карти
- Карти на Западните Алпи — Военогеографски институт на Италија
- Карти на Западните Алпи Архивирано на 13 ноември 2007 г. — Национален географски институт на Франција
- Карти на Западните Алпи — Сојузна топографска служба на Швајцарија