Западни Алпи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Западни Алпи
Монблан — највисокиот врв на Западните Алпи
Највисока точка
ВрвМонблан
Надм. височина4.810 м
Величина
Должина300 км [1]
Ширина150-185 км
Географија
Western alps from space.jpg
Сателитски поглед на Западните Алпи
ЗемјиМонако, Франција, Италија и Швајцарија
Координати45°49′59″ СГШ; 6°51′54″ ИГД / 45.833° СГШ; 6.865° ИГД / 45.833; 6.865Координати: 45°49′59″ СГШ; 6°51′54″ ИГД / 45.833° СГШ; 6.865° ИГД / 45.833; 6.865
Матичен венецАлпи
Се граничи со
Геологија
Горообразбаалпска

Западни Алпи — западниот дел на Алпите кој ги опфаќа југоисточниот дел на Франција (Савоја), сето Монако, северозападна Италија и југозападниот дел на Швајцарија (Вале). На југоисток венецот е ограничен од Паданската Низина во долината на По. На запад, долината на Рона го дели од Централниот Масив. Најсеверниот дел (во најширока смисла) го образуваат Швајцарските Предалпи.

Планинските врвови и превои се повисоки од оние на Источните Алпи, а самиот венец е потесен и позасводен. Највисока планина е Монблан со 4.810 метри.

Поделба[уреди | уреди извор]

Осумте дела на Западните Алпи според италијанското сметање.

Според италијанското сметање усвоено во 1926 г., Алпите се делат на Западни, Централни и Источни.[2] Според ова традиционално сметање, Западните Алпи почнуваат од седлото Алтаре (или Кадибона) и завршуваат со седлото Ферет.

Западните Алпи се поделени на осум дела:

Приморски Алпи (1), Котски Алпи (2), Грајски Алпи (3), Провансалски Алпи (4), Дофински Алпи (5), Провансалски Предалпи (6), Дофински Предалпи (7) и Савојски Предалпи (8).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Umlauft, Friedrich (1889). The Alps. K. Paul, Trench & Company. стр. 78. 
  2. Archivio veneto, VV.AA., Deputazione di storia patria per le Venezie, 1971

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Карти