Доцнобронзено време
Доцно бронзено време — подоцнежниот дел од бронзеното време, присутно на површината на три различни континенти. Африка минува директно во железното време, без притоа да има забележливи докази дека тука посебен развиток имало и бронзеното време. Железното време, периодот што го означува крајот на бронзеното време, се појавува кон крајот на вториот милениум пред нашата ера, најпрво во Анадолија, потоа во пределот на Ориентот и во Египет, пред да се прошири низ Грција и Италија, односно и низ целата територија на Европа најдоцна до 900 година п.н.е., речиси 400 години пред појавата на железното време во Азија.
Во западна Европа, доцното бронзено време се одликува со појавата на цивилизацијата на урните. Причината за дифузијата на оваа култура, наречена така поради тоа што своите мртви ги кремирале и ги закопувале во урни, тешко може да се прецизира: чести напади, миграција, асимилација или можеби попогодни услови за трговска размена.