Вулканолошки избув
Вулканолошка ерупција (англиски: vulcanian eruption) — поим за првпат бил употребен од страна на Џузепе Меркали, сведок на ерупциите од 1888 -1890 на островот Вулкано во Италија. Неговиот опис на стилот на ерупција сега се користи во целиот свет за ерупции кои се одликуваат со густ облак од пепел и гас кој експлодира од кратерот и се издига високо над врвот. Меркали вулканолошките ерупции ги опишал како "...експлозиите како огнени топови во неправилни интервали..." Нивната експлозивна природа е поради зголемената силициумска содржина на магмата. Речиси сите видови на магма можат да бидат вклучени, но магмата со околу 55% или повеќе силициум (на пр. базалтен андезит) — најчеста. Зголемените нивоа на силициум ја зголемуваат густината на магмата што значи зголемување и на експлозивноста. Тие обично започнуваат со фреатомагматски ерупции кои можат да бидат екстремно бучни поради зголеменото загревање на водата од магмата во земјата. Ова обично е проследено со експлозивно прочистување на вулканскиот пропусник (како при затнат оџак) а еруптивниот столб кога избувнува вулканскиот отпаден материја е со темносива дури црна боја. Кога пропусникот ќе се прочисти, понатамошниот облак од пепел станува сивобел, а избивањето на пепел е слично како кај плинискиите ерупции.
Особености
[уреди | уреди извор]Вулканолошките ерупции прикажуваат неколку заеднички одлики. Масата на карпа исфрлена за време на ерупција е обично помеѓу 102 - 106 тони[1], и содржи висок процент на нејувинијален материјал (> 50%). Во текот на активниот период на вулканска активност, интервалите помеѓу експлозиите варираат од помалку од една минута (на пр. Анак Кракатау) до еден ден. Пирокластичните текови, исто така се заедничка одлика на овој тип на ерупција.[2][3] Фазата на испуштање гас на вулканолошките ерупции се одликува со дискретни топовски експлозии.[4] Овие исфрлања на гас можат да достигнат надзвучна брзина и да се претворат во ударни бранови.[5]
Тефрата е исфрлена на поширока област отколку при стромболските ерупции. Пирокластичниот материјал и талозите формираат пепелав вулкански конус, додека пепелта покрива голема околина. Ерупцијата завршува со тек на густа лава. Вулканолошките ерупции може да се исфрлат големи метарски блокови на неколку стотици метри, повремено и до неколку километри.
Вулканолошките ерупции се опасни на раздалеченост од неколку стотици метри од пропусникот. Вулкански бомби се заеднички производи од овој тип на ерупција. Овие првично се стопени грутки на лава, која брзо се лади во блокови честопати големи 2 до 3 метри попречно. Во Галерас вулканолошката ерупција исфрлила бомби, која погодила неколку вулканолози кои биле во кратерот, од кои некои загинале или страдале од сериозни повреди.
Ерупцијата на Стромболи во 1930
[уреди | уреди извор]На 11 септември 1930 ерупцијата на Стромболитромболи била вулканолошка ерупција. Се започнало во 08:10 часот (по месно време), кога пепелта избила за околу 10 минути. Потоа во 09:52 две неверојатно моќни експлозии се случиле кои го потресле целиот остров. Блокови летале на далечина до околу 2 км. Тие паѓале од небото кршејќи згради итн. Се создало цунами 2 до 2,5 метри високо. Од 10:40 експлозивната фаза на ерупцијата била завршена. Следело исфрлање на лава, таа течела по Скјара дел Фуоко, во текот на ноќта. Во исто време блескава скорија течела по долината Валонацо и навлегла во морето во близина на Пискита.
Се смета дека водата влегла поради делумен колапс на каналот. При допир со магмата бликнала во пареа и избувнала преку отворениот канал. Биле забележани две многу големи експлозии кои предизвикале шест смртни случаи. Четворица рибари загинале во морето кога лавини на топла скорија предизвикале бранови. Еден човек загинал во селото Стромболи од паднати блокови, а шестиот загинал од цунами.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Murai, I. & Hosoya, Y., 1964, Earthquake Research Institute Tokyo Bulletin, 42, 203–36
- ↑ Melson, W.G. & Saenz, R., 1973, Bulletin of Volcanology, 37, 416–37
- ↑ Stith, J.L. et al., 1977, Geophysical Research Letters,4, 259–62
- ↑ Minakami, T., 1950, Bulletin of Volcanology, 10, 59–87
- ↑ Nairn, I.A. & Self, S.J., 1978, Journal of Volcanology and Geothermal Research, 3, 39–60
- ↑ „Stromboli's 1930 eruption“. www.geo.mtu.edu. Посетено на 2017-12-27.
Литература
[уреди | уреди извор]- Italian Volcanoes, Chris Kilburn and Bill McGuire, Terra Publishing, ISBN 1-903544-04-1
- Volcanoes of Southern Italy, John Guest, Paul Cole, Angus Duncan and David Chester, The Geological Society (London) ISBN 1-86239-138-6
- Encyclopedia of Volcanoes, Haraldur Sigurdsson, Bruce Houghton, Stephen R McNutt, Hazel Rymer and John Stix (eds) Academic Press, ISBN 0-12-643140-X
- The eruption of Soufrière Hills Volcano, Montserrat, from 1995 to 1999, T. H. Druitt and B. P. Kokelaar (eds), Geological Society Memoir No. 21. Geological Society (London), ISBN 1-86239-098-3,
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Видови вулкански ерупции Архивирано на 27 декември 2017 г. (англиски)
|