Прејди на содржината

Стромболски избув

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стромболска ерупција)
Дијаграм на стромболска ерупција: 1: облак од пепел, 2: лапили, 3: падната вулкански пепел, 4: лавина фонтана, 5: вулканска бомба, 6: лавин тек, 7: слој од лава и пепел, 8: слој, 9: дага, 10: магматски канал, 11: магматско огниште, 12: сил

Стромболска ерупција — вид на вулканска активност која произведува чести, умерени ерупции. Лавата е базалтична, но доволно вискозна за гасови да создадат притисок кој се ослободува во континуирани мали експлозии. Лавата, исфрлена во воздухот, паѓа назад за да се изгради стрмен конус од лава и тефра.[1]

Ерупциите се релативно благо експлозивни, со вулкански експлозивен индекс од 2 до 3. Тие се именувани според италијанскиот вулкан Стромболи, кој е епоним за видот. Стромболските ерупции се состојат од исфрлање на светликав згура, скорија, лапили и лавини бомби, на височина од десетици до неколку стотици метри. Ерупциите според обем се мали до средни, со спорадична силина.[2]

Стромболска ерупција

Италијанскиот вулканолог Џузепе Меркали ги проучувал ерупциите на Стромболи и Вулкано во 1888-1890 година и утврдил дека одликите на ерупциите се различни помеѓу двата вулкана. За да се направи разлика меѓу нив, Меркали ја дефинирал стромболската ерупција како „благо експлозивна во дискретни но прилично редовни интервали во секунди или минути“.

Тефрата обично свети црвено кога го напушта отворот, но на површина се изладува и добива темна до црна боја и може значително да се зацврсти пред ударот. Тефрата се акумулира во близина на отворот, формирајќи циндерски конус. Циндерот е најчестиот производ. Исфрлањето вулканска пепел обично е доста незначително.

Лавинските текови се повискозни, па затоа се пократки и подебели, од оние соодветни на хавајските ерупции. Тоа може или не мора да биде придружено со производство на пирокластична карпа. Овие ерупции се особено спектакуларни во текот на ноќта, кога лавата сјае светло.

Наместо тоа, гасот се спојува во меури, наречени гасни шлемови, кои растат доволно големи за да се издигнат низ магматскиот столб, пукајќи во близина на врвот поради намалениот притисок на воздухот и исфрлајќи магма во воздухот.[3] Секоја епизода на тој начин ослободува вулкански гасови, понекогаш во растојание од само неколку минути. Гасните шлемови можат да се формираат длабоко и до 3 километри, што ги прави тешко предвидливи.[4]

Моногенетичките конуси обично еруптираат во стромболски стил. Стромболската еруптивна активност може да биде многу долготрајна. Примери за стромболски тип на ерупции се вулканот Парикутин бил во континуирана ерупција помеѓу 1943-1952, Еребус на Антарктикот кој произведувал стромболски ерупции кои траеле со децении[5]

Самиот вулкан Стромболи предизвикува такви ерупции веќе повеќе од две илјади години а Римјаните го нарекувале „Светилник на Средоземното Море“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Strombolian eruption - Dictionary definition of Strombolian eruption | Encyclopedia.com: FREE online dictionary“. www.encyclopedia.com (англиски). Посетено на 2017-12-25.
  2. „How Volcanoes Work - Strombolian eruptions“. www.geology.sdsu.edu. Архивирано од изворникот на 2001-03-04. Посетено на 2017-12-25.
  3. „Types of Volcanic Eruptions“. geology.com. Посетено на 2017-12-25.
  4. Burton, Mike; Allard, Patrick; Muré, Filippo; Spina, Alessandro La (2007-07-13). „Magmatic Gas Composition Reveals the Source Depth of Slug-Driven Strombolian Explosive Activity“. Science (англиски). 317 (5835): 227–230. doi:10.1126/science.1141900. ISSN 0036-8075. PMID 17626881.
  5. „Strombolian Eruption - Universe Today“. Universe Today (англиски). 2009-04-22. Посетено на 2017-12-25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]