Врангелов Остров

Координати: 71°14′N 179°25′W / 71.233° СГШ; 179.417° ЗГД / 71.233; -179.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Врангелов Остров
  • О́стров Вра́нгеля (руски)
  • Умӄиԓир (јазик?)
Местоположба на Врангеловиот Остров
Географија
МестоСеверноледен Океан
Координати71°14′N 179°25′W / 71.233° СГШ; 179.417° ЗГД / 71.233; -179.417
Површина7.600 км2
Највисоко издигнување1.096 м
Највисока точкаСоветска Гора
Управување
Федерален ОкругДалекуисточен
Автономен ОкругЧукотски
Службен назив: Natural System of Wrangel Island Reserve
Тип:Природно наследство
Критериуми:Критериум - ix, x
Прогласено:2004 (28th session)
Број1023rev
Земја потписник:Руска Федерација
Регион:Азија

Врангеловиот Остров (порано нарекуван и Врангелова Земја, руски : Остров Врангеля) е остров во Северноледениот Океан, и се наоѓа меѓу Источносибирското и Чукотското море, северозападно од Беринговото Море, со површина од 7.300 км². Се наоѓа на 180º меридијан, односно на датумската граница. Административно припаѓа на рускиот Чукотски автономен округ.

Карта на Врангеловиот Остров од 1916 г.

Историја[уреди | уреди извор]

Врангеловиот Остров името го добил по рускиот истражувач и адмирал Фердинанд Петрович Врангел кој го барал во 1823 година, но не стигнал до него. Откриен е од американскиот брод за ловење китови Жанет (англ: Jannette) во 1879 г., под команда на капетанот Џорџ Вашингтон Де Лонг, но бродот потонал на околу 1290 км северозападно од островот откако две години бил заробен во поларен мраз. На островот први стапнале група Американци од паробродот Томас Л. Корвин во август 1881, кои биле во потрага по изгубениот брод Жанет. Поставиле американско знаме и го прогласиле Врангеловиот Остров за нова американска сопственост, нарекувајќи го Нова Колумбија. Еден од истражувачите, Џон Муир, истата година во серија написи за весник во Сан Франциско го објавил првиот опис на Врангеловиот Остров. Островот следните 30 години ги поминал во целосна изолација, по што следеле две катастрофи (во 1913 и 1921 г.) на канадските експедиции кои имале за цел островот да се прогласи за британска територија. На крај, Советите во 1926 година го окупирале островот населувајќи го со сибирски чукчијци, чија мала заедница ја имало на островот до 1970 година, кога се преселиле назад на копно.

Одлики[уреди | уреди извор]

Островот е составен од кристални шкрилци и гранит. Широк е околу 125 km и завзема површина од 7.600 км². Поделен е на јужна крајбрежна низина широка 15 км, централен појас од ниски планини и северна крајбрежна низина широка 25 км. Планинскиот венец „Централни Планини“ се протега од западниот до источниот брег (завршувајќи со морските карпи од двете страни) и долг е 145 км, а широк 40 км во најширокиот дел. Планините се високи околу 500 метри, а највисока е Советската планина (1.096 м).

Просечната температура во јануари е -22 °C, а во јули 2,5 °C. Покриен е со мраз и тундра. Фауната претежно се состои бели мечки и поларни лисици.

На Врангеловиот Остров има метеоролошка станица и две рибарски села населени со чукчијци.

Од 2010 година, Врангеловиот Остров, заедно со островот Хералд,(кој се наоѓа 60 километри источно од него), од страна на УНЕСКО е внесен на списокот на светско наследство во Азија и Океанија како целокупен субарктички и арктички екосистем во изолиран планински венец кој вклучува тајга, тундра и арктички пустини, и недопрени слатководни речни и езерски системи.[1] На островиве има уникатна флора и ендемски тип на почва која е дом на повеќе од 40 видови ендемични видови и подвидови на растенија, инсекти, птици и цицачи. Некои од нив се биореликти со што овие острови се поблиску до плеистоценот од кој било друг предел во светот.[2] Мамутите кои живееле на Врангеловиот Остров изумреле пред 4.000 години. [се бара извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://whc.unesco.org/en/list/1234
  2. Vrangelov otok na stranicama Fundacije za zaštitu prirodne baštine. Posjećeno 18. veljače 2011. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]