The Doobie Brothers
The Doobie Brothers | |
---|---|
The Doobie Brothers на настап во 2017. Од лево кон десно: Џон Кован, Патрик Сајмонс, Том Џонстон и Џон Мекфи. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | The Doobies |
Потекло | Сан Хосе, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | doobiebros.com |
The Doobie Brothers ― американска рок група основана во 1970 година во Сан Хосе, Калифорнија. Својот најголем успех групата го имала во текот на 1970-тите, а сегашната постава на групата ја сочинуваат основачките членови Том Џонстон (гитари, вокал) и Патрик Симонс (гитари, вокал), заедно со Мајкл Мекдоналд (клавијатури, вокал) и Џон Мекфи (гитара, виолина, придружни вокали). Други долгогодишни членови на групата биле гитаристот Џеф „Сканк“ Бакстер (1974–1979), басистот Тиран Портер (1972–1980, 1987–1992) и тапанарите Џон Хартман (1970–1979, 1987–1992), Мајкл Хосак 1971–1973, 1987–2012) и Кит Кнудсен (1973–1982, 1993–2005). Тие изведувале песни под влијание на госпел, како „Take Me in Your Arms (Rock Me a Little while)“ и „Jesus is Just Alright“.[4]
Џонстон бил главен вокал на групата од 1970 до 1975 година, кога тие се одликувале со мејнстрим рок звук со елементи на фолк, кантри и R&B. Мајкл Мекдоналд ѝ се придружил на групата во 1975 година како клавијатурист и како втор главен пејач, за да му помогне на Џонстон, кој во тоа време имал здравствени проблеми. Интересот на Мекдоналдс за соул музика вовел нов звук на групата. Џонстон и Мекдоналд заедно биле главни пејачи за еден албум, Takin' It to the Streets, а Џонстон целосно се повлекол во 1977 година. До крајот на 1970-тите составот на групата често се менувал; групата се распаднала во 1982 година, а Симонс бил единствениот постојан член кој се појавил на сите нивни албуми. Во 1987 година, Тhe Doobie Brothers повторно се формирале и им се приклучил и Џонстон; Мекдоналд, кој претходно неколку пати гостувал, се вратил во групата како постојан член во 2019 година за време на турнејата по повод 50-годишното постоење.
Тhe Doobie Brothers објавиле четиринаесет студиски албуми, а шест од нив се пласирале во топ-10 на листата за албуми на Билборд 200. Нивен најуспешен албум е Minute by Minute објавен во 1978 година. Албумот пет недели бил на прво место на Билборд 200, а за него групата добила награда Греми за најдобра поп изведба од дуо или група. Песната од тој албум „What a Fool Believes“ освоила три Греми награди. Групата, исто така, објавила шест албуми во живо и многу компилации со најголеми хитови, меѓу кои и Best of The Doobies од 1976 година, кој со продадени 10 милиони копии е најпродаван албум на групата и RIAA го сертифицила како дијамантска плоча. Меѓу шеснаесетте топ-40 песни на Billboard Hot 100 на групата се: „Listen to the Music“, „Jesus is Just Alright“, „Long Train Runnin“, „China Grove“, „Black Water“ (број 1 во 1974 година), „ Takin It to the Streets“, „What A Fool Believes“ (број 1 во 1979 година) и „The Doctor“.
Тhe Doobie Brothers биле примени во Куќата на славата на вокалните групи во 2004 година,[5] и во Куќата на славата на рокенролот на 7 ноември 2020 година.[6] Групата има продадено преку 40 милиони плочи ширум светот.[7][8]
Членови
[уреди | уреди извор]Сегашни официјални членови
- Патрик Симонс – гитара, бенџо, вокал (1970–1982, 1987–1991, 1992, 1993–денес)
- Том Џонстон – вокал, гитара, хармоника (1970–1977, 1987–1991, 1992, 1993–денес)
- Мајкл Мекдоналд – вокал, клавијатури, мандолина, хармоника (1975–1982, 1987, 1992, 1995–1996, 2019–денес)
- Џон Мекфи – гитара, виолина, челична гитара на педали, хармоника, вокал (1979–1982, 1987, 1993–денес)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- The Doobie Brothers (1971)
- Toulouse Street (1972)
- The Captain and Me (1973)
- What Were Once Vices Are Now Habits (1974)
- Stampede (1975)
- Takin' It to the Streets (1976)
- Livin' on the Fault Line (1977)
- Minute by Minute (1978)
- One Step Closer (1980)
- Cycles (1989)
- Brotherhood (1991)
- Sibling Rivalry (2000)
- World Gone Crazy (2010)
- Southbound (2014)[9]
- Liberté (2021)[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hall, Mitchell K. (May 9, 2014). The Emergence of Rock and Roll: Music and the Rise of American Youth Culture. Routledge. стр. 169. ISBN 978-1-135-05358-1.
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. The Doobie Brothers — AllMusic (англиски)
- ↑ Brackett, Nathan; Christian David Hoard (2004). The New Rolling Stone Album Guide. Simon and Schuster. стр. 254. ISBN 978-0-7432-0169-8.
- ↑ „Art Reynolds Biography“. CD Baby. Архивирано од изворникот на 2008-02-24. Посетено на 22 July 2022.
- ↑ „The Vocal Group Hall of Fame Foundation“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ Johnson, Kevin (March 24, 2020). „Rock and Roll Hall of Fame induction for the Doobie Brothers, Whitney Houston, Nine Inch Nails moves from May to November“. St. Louis Post-Dispatch (англиски). Посетено на April 27, 2020.
- ↑ „The Doobie Brothers To Make Grand Ole Opry Debut Saturday, February 26“. Opry.com. February 18, 2011. Архивирано од изворникот на October 13, 2011. Посетено на November 5, 2011.
- ↑ „RIAA“. RIAA. Архивирано од изворникот на July 1, 2007. Посетено на July 20, 2011.
- ↑ „Gregg Allman 2015 North American Tour Schedule With The Doobie Brothers & Pat Simmons Jr“. Concert Tour News Hub. May 16, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на May 17, 2015.
- ↑ Shaffer, Claire (August 6, 2021). „Doobie Brothers Announce New Album 'Liberté,' Rescheduled Tour Dates“. Rolling Stone.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Doobie Brothers live photo gallery
- The Doobie Brothers — AllMusic (англиски)
- The Doobie Brothers на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|