SCMaglev

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воз MLX01 на пробната шина во Јаманаши
Суперспроводливото магнетно подвозје на возот MLX01
Водечки намотки

JR-Maglev (јапонски: ジェイアール式マグレブ) — систем на магнетнолебдечка железница (маглев) на Среднојапонското железничко претпријатие и Институтот за истражување на железничката техника (подружница на групацијата „Јапонски железници“).

JR-Maglev MLX01 е меѓу новите од низата магнетнолебдечки возови на коишто се работи во Јапонија уште од 1970-тите години. Составен е од највеќе пет вагони и предвиден е да вози по пробната магнетна пруга во префектурата Јаманаши. На 2 декември 2003 г, тривагонски состав на овој воз достигнал брзина од 581 км/ч, што претставува светски рекорд за шински возила со екипаж.[1]

Технологија[уреди | уреди извор]



Одбоен систем
Одбоен систем
Водечки систем
Водечки систем


Погонски систем
Погонски систем

Магнетнолебдечките возови имаат три системи: одбоен (за лебдење), водечки и погонски.

JR-Maglev користи систем на електродинамично одржување (EDS). Mагнетните полиња во движење создаваат одбојна сила во проводникот поради индукцијата во полето. Оваа сила го одржува возот во воздух. Возовите имаат суперспроводливи магнетни намотки, а на водечкиот колосек се поставени одбојните намотки.

Кога возот се движи со голема брзина, намотките во колосекот создаваат одбојна сила како резултат на наближувањето на суперспроводните намотки прицврстени на возот.

Електродиманичното одржување овозможува поголем меѓупростор од електромагнетното (EMS), но возот мора да има и тркала за движење при релативно мали брзини, кога не може да создаде доволно голема сила за да лебди. Тркалата се повлекуваат кога возот ќе достигне брзина од 150 км/ч. 10 см над колосекот.[2]

Одбојните намотки во колосекот служат како водилки и стабилизатори. Погонот на JR-Maglev е линеарен синхрон мотор (LSM), кој ги напојува намотките во колосекот.

Пробна пруга во Мијазаки[уреди | уреди извор]

Со преместувањето на пробите во префектурата Јаманаши, во Хјуга (префектура Мијазаки) Институтот за истражување на железничка техника (RTRI) во 1999 почнал да врши проби со возови што се движат на основа на екрански ефект како екранопланите.[3]

Пробна пруга во Јаманаши[уреди | уреди извор]

Експерименталните пруги во Јаманаши моментално имаат практична примена. Шините имаат должина од 18,4 км (вклучувајќи 16 км тунели). Пробната пруга е во доизградба, со што во 2013/14 г. ќе се добие должина од 42,8 км. Ова е дел од планираната линија Чуо Шинкансен што ќе ги поврзува градовите Токио, Нагоја и Осака. Порачани се 14 воза „Шинкансен L0“ чиј производител ќе бидат Мицубиши и Нипон Шарјо, подружница на Среднојапонското железничко претпријатие.

Возила[уреди | уреди извор]

Возот ML500 - светски рекордер во 1979 со постигнати 517 км/ч, денес експонат во Националниот музеј на транспортот (Осака).
  • 1972 – LSM200
  • 1972 – ML100
  • 1975 – ML100A
  • 1977 – ML500
  • 1979 – ML500R (преобликува ML500)
  • 1980 – MLU001
  • 1987 – MLU002
  • 1993 – MLU002N
  • 1995 – MLX01 (MLX01-1, MLX01-11, MLX01-2)
  • 1997 – MLX01 (MLX01-3, MLX01-21, MLX01-12, MLX01-4)
  • 2002 – MLX01 (MLX01-901, MLX01-22)
  • 2009 – MLX01 (MLX01-901A, MLX01-22A: преобликува 901 и 22)

Рекорди со екипаж[уреди | уреди извор]

MLX01-1
Брзина (км/ч) Воз Тип Место Датум Забелешки
60 км/ч ML100 маглев RTRI на JNR, Јапонија 1972
400,8 км/ч MLU001 маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија февруари 1987 Двовагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возови.
394,3 км/ч MLU002 маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија ноември 1989 Едновагонски.
411 км/ч MLU002N маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија февруари 1995 Едновагонски.
531 км/ч MLX01 маглев Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија 12 декември 1997 Тривагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возовиs.
552 км/ч MLX01 маглев Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија 14 април 1999 Петвагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возови.
581 км/ч MLX01 маглев Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија 2 декември 2003 Тривагонски состав. Тековен светски рекорд за возови од било кој вид.

Рекорди без екипаж[уреди | уреди извор]

Брзина (км/ч) Воз Тип Место Датум Забелешки
504 км/ч ML-500 маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија 12 декември 1979
517 км/ч ML-500 маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија 21 декември 1979
352,4 км/ч MLU001 маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија јануари 1986 Тривагонски состав.
405,3 км/ч MLU001 маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија јануари 1987 Двовагонски состав.
431 км/ч MLU002N маглев Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија февруари 1994 Едновагонски.
550 км/ч MLX01 маглев Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија 24 декември 1997 Тривагонски состав.
548 км/ч MLX01 маглев Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонијаn 18 март 1999 Петвагонски состав.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Hood, Christopher P. (2006). Shinkansen – From Bullet Train to Symbol of Modern Japan. Routledge. ISBN 0-415-32052-6.
  • Study of Japanese Electrodynamic-Suspension Maglev Systems
  1. Railway Technology Avalanche No. 7, "Our Manned Maglev System Attains Maximum Speed Record of 581 км/ч" (1 јануари 2005) Архивирано на 3 август 2007 г.. проверено на 16 ноември 2008.
  2. „High-Speed Rail Approaches Station“. WSJ. 26 јануари 2010.
  3. [1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 35°35′N 138°56′E / 35.583° СГШ; 138.933° ИГД / 35.583; 138.933