Шинкансен L0

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шинкансен L0
L0系
Петвагонски состав на проба во август 2020 г.
ИзработувачМицубиши, Нипон Шарјо
Бр. во изградба14
Состав5-12 вагони
ПревозникСреднојапонско железничко претпријатие
Сообраќа на линиитеЧуо Шинкансен
Особености
Најг. брзина505 км/ч

Шинкансен L0 (јапонски: L0系) — големобрзински магнетнолебдечки воз на Среднојапонското железничко претпријатие (JR東海) наменет за линијата Чуо Шинкансен помеѓу градовите Токио и Осака во Јапонија. Засега се изработени 14 претпроизводни воза, за што се задолжени Мицубиши и Нипон Шарјо, подружница на Среднојапонското железничко претпријатие.[1]

На 21 април 2015 г. седумвагонски состав на L0 го срушила светскиот брзински рекорд за шински возила, постигнувајќи 603 км/ч.[2] Возовите се предвидени да сообраќаат со најголема брзина од 505 км/ч,[3] што значи времетраење на патувањето од 40 минути од Токио (станица Шинагава) до Нагоја, и 1 час и 7 минути од Токио до Осака.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Првото возило од серијата L0 е доставено на пробната пруга во Јаманаши и претставен на јавноста во ноември 2012 г.[5] Првите пет возила биле составени и ставени во колосекот во јуни истата година.[6]

Првиот воз од 5 вагони почнал со пробно возење во Јаманаши во јуни 2013 г, по завршувањето на работите за осовременување на пругата.[7]

Рекорди[уреди | уреди извор]

Седумвагонски состав на проба во август 2014 г.

Брзина[уреди | уреди извор]

  • 16 април 2015: најбрз воз со екипаж во светот (590 км/ч)
  • 21 април 2015: најбрз воз со екипаж во светот (603 км/ч)

На 16 април 2015 г. седумвагонски состав од серијата L0 со екипаж достигнала брзина од 590 км/ч, рушејќи го дотогашниот светски рекорд од 581 км/ч постигнат од состав MLX01 во декември 2003 г. Брзината од 590 км/ч бил задржана 19 секунди.[8] Овој рекорд е повторно срушен на 21 април 2015 г., кога исто така седумвагонски состав со екипаж постигнала 603 км/ч.[2] и ја одржала 10,8 секунди, минувајќи 1,8 км за тоа време.[2][9]

Растојание[уреди | уреди извор]

  • 10 април 2015: највеќе пропатувано во ден (3.904 км)
  • 14 април 2015: највеќе пропатувано во ден (4.064 км)

On 10 април 2015 г., состав од серијата L0 постигнал нов далечински рекорд, со поминати 3.904 км за еден ден, рушејќи го дотогашниот рекорд од 2.876 км, постигнат во 2003 г. На 14 април 2015 г. иста таков состав пропатувала дури 4.064 км во еден ден.[10][11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мицубиши и Нипон Шарјо ќе градат магнетнолебдечки возила - Претседател на Среднојапонското железничко претпријатие“. Јапонија: Санкеј Шимбун. 21 декември 2010. Архивирано од изворникот 2010-12-23. Посетено на 20 јули 2013. (јапонски)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Japan's maglev train breaks world speed record with 600 км/ч test run“. The Guardian. United Kingdom: Guardian News and Media Limited. 21 April 2015. Посетено на 21 April 2015.
  3. „Среднојапонско железничко претпријатие: Продолжуваат пробите за магнетнолебдечкиот воз при 500 км/ч resumes — Приширено опслужуваното подрачје“ JR東海:リニア時速500キロ、試験再開-通勤圏拡大で激変も. Bloomberg (јапонски). Japan: Bloomberg LP. 29 August 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 12 February 2015.
  4. „JR Tokai unveils a model for the new high-speed maglev train 'L0′“. Daily Onigiri. DailyOnigiri.com. 4 November 2010. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 17 January 2013.
  5. „Претставен нов магнетнолебдечки воз од серијата L0 и доставен за проби на пругата во Јаманаши“. Санкеј Биз. Јапонија. 22 ноември 2012. Посетено на 22 ноември 2012.
  6. „Шрототип на големобрзински магнетнолебдечки воз претставен на јавноста“, Асахи Шимбун, посет. 3 јуни 2013 г (јапонски)
  7. „Новите возови од серијата L0 ќе достигнат 500 км/ч во јули“. Јапонија: Чуничи Шимбун. 24 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 30 јули 2013. (јапонски)
  8. „Магнетнолебдечки воз од серијата L0 постигна светски врзински рекорд од 590 км/ч“ リニア「L0系」、世界最高の590キロ記録. Yomiuri Online. Japan: The Yomiuri Shimbunl. 16 April 2015. Посетено на 17 April 2015.
  9. „Japanese rail company eyes exports to cover maglev costs“. Nikkei. 22 April 2015. Посетено на 22 April 2015.
  10. Keith Barrow (17 April 2015). „Japan breaks maglev speed record“. International Railway Journal. Посетено на 22 April 2015.
  11. Central Japan Railway Company (16 април 2015). "Исход од далечинските проби на магнетнолебдечкиот воз на пругата Јаманаши" (PDF). Соопштение за печат.  посет. 17 април 2015 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]