Roxette

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Roxette
Роксет
Роксет во август 2010.
Биографски податоци
ПотеклоХалмштад, Шведска
Жанровипоп музика, рок музика
Период на активност1986–денес
ИздавачиCapitol records,
EMI,
Edel Music
Мреж. местоофицијално мрежно место
Членови
Пер Гесле
Мари Фредриксон

Roxette или Роксет е шведска музичка група, или дуо, составено од Мари Фредриксон и Пер Гесле. Групата ужива светски успех од доцните 1980-ти и средината на 1990-те години, при што се стекнале со 19 појавувања на британската топ листа[1] и пет пати биле број 1 на американската листа со песните „The Look“, „Listen to Your Heart“, „It Must Have Been Love“ и „Joyride“.[2] Понатака, уште две песни „Dangerous“ и „Fading Like a Flower“ биле на второ место на листата.[2]

Својата најголема слава ја стекнале во периодот од доцните 1980-ти и раните 1990-ти, но нивната слава продолжила со слично темпо и после овој период, особено во Европа и Јужна Америка, каде освоиле различни златни и платинести награди. Дуото престанало да снима и настапува во 2002 кога на Фредриксон ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот.[3] Сепак, дуото продолжило со настапи после осум години.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Roxette's UK Chart stats“. www.chartstats.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-25. 
  2. 2,0 2,1 „Roxette's Billboard chart history“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. 
  3. BBC News: Roxette Star has brain tumour“, BBC News, 16 септември 2002 (посет. 4 јануари 2010 г).
  4. „The Daily Roxette: Marie joins Per and band on stage in Amsterdam“. конс. 2009-05-07. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]