Pussy Riot

Од Википедија — слободната енциклопедија
Pussy Riot
Седум маскирани членки на групата
Животописни податоци
ПотеклоМосква, Русија
Жанровипанк рок
Период на активност2011-денес
Издавачинема
Мреж. местоhttp://pussy-riot.livejournal.com

Pussy Riotруска феминистичка панк-рок музичка група, позната по изведувањето на политички мотивирани протестни изведби во Москва, т.е. критики кон рускиот претседател Владимир Путин.

Групата била создадена во август 2011 година[1] и се состои од неколку учеснички, коишто настапуваат под псевдоними. Тие се појавуваат со лица заврзани со фантомки за вриме на сите настапи и прес-конференции, а дури и на студено време лесни фустани и цветни хулахопки.[1][2][3][4][5][6][7].

На 21 февруари 2012 година, три членки на групата, настојувајќи да протестираат против претстојните претседателски избори во Русија, се искачиле на олтарот во црквата на Исус Христос Спасителот во Москва и испеале песна во која побарале од Богородица да го „однесе Путин“, а поглаварот на Руската православна црква Кирил I Московски го обвиниле за „верба во Путин наместо во Бога“. По изведбата на песната биле избркани од црквата од страна на чуварите.

Кратко по изведбата во црквата, на 3 март 2012, две учеснички во акцијата, Марија Аљохина и Надежда Толоконикова биле уапсени и обвинети за хулиганство, а на 16 март била уапсена и третата учесничка, Екатерина Самуцевич. Уапсените жени го негирале своето учество како дел од групата и изјавиле дека не учествувале во акцијата во храмот.[8] Формалното обвинение против трите жени било поднесено на 4 јуни 2012, а судењето започнало на 30 јули. Сите три за време на судењето останале во притвор. На 17 август 2012 година, според пресудата на судот биле прогласени за виновни и биле осудени на затворска казна од 2 години.

Руската јавност верувала во правичноста на судењето и нивната вина (со 44% спроти 17%), а помалку од 10% од населението верувало дека им е судено по барање на Путин или рускиот патријарх.[9]. Во земјите од западниот свет, апсењето, судењето и пресудата предизвикале главно негативни реакции.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Corey Flintoff (8 февруари 2012). „In Russia, Punk-Rock Riot Girls Rage Against Putin“ (англиски). National Public Radio.
  2. Костюченко Е. Бунт «Писек» на Лобном месте Архивирано на 19 мај 2013 г., Новая газета, 27 јануари 2012.
  3. Владислав Моисеев. Бунт феминизма Архивирано на 30 декември 2013 г., Русский Репортёр, 14 февруари 2012.
  4. Pussy Riot Архивирано на 19 јануари 2012 г., Большой Город, 29 декември 2011.
  5. «Мы не хотим торговать женским лицом» Архивирано на 11 септември 2012 г., Московские новости, 24 јануари 2012.
  6. «Что же вы делаете, девчонки?» Pussy Riot о борьбе с режимом и любви к котикам, Афиша, 24 јануари 2012
  7. Elder, Miriam (2 февруари 2012). „Feminist punk band Pussy Riot take revolt to the Kremlin“ (англиски). The Guardian.
  8. Обвиняемые в "панк-молебне" в ХХС арестованы до 24 апреля, BBC, 6 март 2012.
  9. Перед приговором секс-символ Pussy Riot в письме сторонникам заявила о победе: "Трудно поверить, что это не сон", news.ru.com, 17 август 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]