„Make Me Wanna Die“ е првиот сингл од американската алтернативна рок група The Pretty Reckless. Напишана е од Тејлор Момсен, Бен Филипс и Като Кандавала за нивниот прв студиски албум Light Me Up (2010). Песната е издадена на 30 март2010 година во САД и на 13 мај 2010 во Обединетото Кралство како прв сингл на групата.
Песната е искористена во филмот од 2010 Kick-Ass. Почетокот на песната е преработен од песната на Abba, “Lay All Your Love On Me“.
Во 2010, песната е искористена на крајот на филмот Kick-Ass. Исто така во 2010, песната е искористена во трејлерот на втората сезона од филмот Дневниците на Вампирот. На 5 ноември 2010, песната е искористена во деветтата епизода од четвртата сезона на серијата Озборувачка, наречена, „The Witches of Bushwick“.
Отпрвин било издадено промоционалното музичко видео на кое се наоѓале изведби во живо на бендот. Тоа видео се смета за вирална верзија и премиерно е покажано на ЈутубВевно страницата на бендот на 13 мај 2010.[1] Официјалното музичко видео е издадено на 15 септември 2010 на iTunes во САД. Видеото е режирано од Меиерт Авис.