Озборувачка (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Озворувачка
Gossip Girl
Gossip Girl title card.jpg
Озборувачка насловното лого
Развиена одЏош Шварц
Стефани Саваџ
УлогиБлејк Лајвли
Лејтон Мистер
Пен Беџли
Чејс Крафорд
Тејлор Мамсен
Ед Вествик
Џесика Сзор
Кели Ратерфорд
Метју Сетл
РаскажувачКристен Бел
Воведна темаTranscenders
Композитор(и)Transcenders
Земја на потеклоСАД
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди121 (список на епизоди)
Продукција
Извршен продуцент(и)Џош Шварц
Стефани Саваџ
Боб Леви
Лесли Морџенстин
Џон Стивенс
Прикажување
Првична мрежаThe CW
Првично прикажување19 септември 2007 – 17 декември 2012 година
Надворешни врски
Мрежна страницаgossipgirlfullepisode.com

Озборувачка (англиски: Gossip Girl) е американска драмска телевизиска серија заснована на истоимениот серијал од книги напишан од Сесили вон Зиџезар. Серијата е направена од страна на Џош Шварц и Стефани Саваџ и за првпат почнала да се прикажува на 19. септември, 2007 година, додека пак нејзината последна епизода од нејзината последна шеста сезона е прикажана на 17. декември, 2012 година.

Дејството во серија се врти околу животите на неколку богати тинејџери од приватно елитно училиште во Њујорк. Нивните животи ги следи гласот на интернет-блогерката „Озборувачка“ (Кристен Бел), која навидум знае сè што се случува во нивните животи. Серијата започнува со враќањето на Серена Ван Дер Вудсен (Блејк Лајвли) која од таинствена причина се преселила во Конектикат. Блер Валдорф (Лејтон Мистер), која е претставена како кралица на популарноста во училиштето е нејзина долгогодишна пријателка, а сега ривалка на Серена. Приказната исто така го следи и животот на Чак Бас (Ед Вествик), „маалското“ лошо момче, Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), најдобриот пријател на Чак и Ден Хамфри (Пен Беџли), најсиромашниот во групата и ново момче на Серена. Првите три сезони, во голема мера ги следат животите на Ванеса Абрамс (Џесика Сзор), поранешна пријателка на Ден и неговата амбициозна сестра Џени (Тејлор Мамсен).

Серијата, иако наменета за помладата публика доживува огромна популарност и комерцијален успех и останува позната по луксузните сцени, високата мода, гламурозната музика и кариерните почетоци на неколкумина од актерите. Во 2021, речиси десет години по емитувањето на серијата, се емитува нова верзија, овој пат во продуција на HBO Max, која истовремено служи како продолжение и како осовременета верзија на оригиналот.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Секоја епизода започнува со блог страница на Озборувачката со сликата на Серена. Потоа се покажуваат повеќе настани и повторно се враќа истата блог страница меѓутоа овојпат на неа има слика од некој друг карактер и коментар во врска со некоја случка. Раскажувачот е секогаш Озборувачката чиј глас го исполнува Кристен Бел. Таа секогаш ја започнува епизодата со реченицата "Озборувачката тука, вашиот единствен и најдобар извор за скандалозните животи на елитата на Менхетн" и обично ја завршува епизодата со "Знаете дека ме сакате, ХоХо, Озборувачка."

Сезони[уреди | уреди извор]

Озборувачка брои 121 епизода, распространите низ 6 сезони.

Првата сезона има вкупно 18 епизоди, а втората сезона има 25 епизоди. Третата и четвртата сезона имаат по 22 епизоди. Петтата сезона има 24 епизоди, додека пак шестата, воедно и последна сезона од овој серијал има само 10 епизоди.

Сезона Епизоди Прво прикажување Последно прикажување Гледаност во милиони
1 18 19 Септември 2007 19 Мај 2008 2.6
2 25 1 Септември 2008 18 Мај 2009 2.8
3 22 14 Септември 2009 17 Мај 2010 2.0
4 22 13 Септември 2010 16 Мај 2011 1.6
5 24 16 Септември 2011 14 Мај 2012 1.2
6 10 8 Октомври 2012 17 Декември 2012 0.9

Локации на снимање[уреди | уреди извор]

Телевизиската серија - Озборувачка поради својата огромна популарност која што ја стекна при емитувањето на своите вкупно шест сезони, беше причината поради која оваа телевизиска серија се снимаше на повеќе локации на повеќе континенти. За почеток главното дејство во оваа телевизиска серија се одвива во Њујорк, поточно во Менхетен и Бруклин. Но на големо изненадување на обожавателите, дел од четвртата сезона од - Озборувачка беше снимана и во Париз, Франција. Првите неколку епизоди од петтата сезона, беа снимани во Лос Анџелес, Калифорнија.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]