На 30 декември 2009, првиот сингл наречен „Make Me Wanna Die“ бил издаден со специјална најава на Seventeen магазинот. Песната била официјално издадена на 13 мај 2010 во Обединетото Кралство и се искачила на 1# на Рок Табелата во Обединетото Кралство, а исто така добила и многу позитивни прегледи од критичарите. Песната се појавила и во саундтракот на филмот Kick-Ass. Промоционалното видео за песната било издадено на 13 мај 2010, а потоа следела и официјалната верзија на 15 септември 2010.